23 август

датум
<<август>>
НПВСЧПС
010203
04050607080910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
2024

23 август — 235-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(236-и во престапна година).

Во астрологијата - првиот цел ден на хороскопскиот знак девица.

Остануваат 130 денови до крајот на годината.

Настани:

1839 Велика Британија на почетокот на Опиумската војна против Кина го зазеде Хонгконг кој од 1942 година стана независна колонија.
1866 Завршува Австриско-пруската војна
1914 Јапонија ѝ објави војна на Германија во Првата светска војна. На Версајската конференција во 1919 година на победничката Јапонија и се доделени многу германски колонии во Тихиот Океан како награда за учествувањето во војната на страната на силите на Антантата.
1927 Во Бостон се погубени анархистите Сако и Ванцети, по судскиот процес кој предизвикал доста контроверзии
1939 Министрите за надворешни работи на Германија и на СССР, Јоаким Рибентроп и Вјачеслав Молотов во Москва потпишаа спогодба за ненапаѓање. Во документот двете сили се обврзаа за „запирање“ на секој акт на насилство. Меѓутоа, две години подоцна Германија ја прекрши спогодбата и го нападна Советскиот Сојуз на 22.06.1941 година.
1948 Основан е Светскиот совет на црквите.
1952 Основана е Арапската Лига.
1962 Американскиот телекомуникациски сателит „Телстар“ за првпат емитуваше телевизиски пренос на линијата САД - Европа.
1975 Комунистите ја освојуваат власта во Лаос по долга граѓанска војна.
1990 Ерменија прогласува независност од СССР.

Родени:

1740 Иван VI — руски цар.
1754 Луј XVI — француски крал.
1761 Готлоб Ернст Шулцегермански скептички филозоф.
1811 Огист Браве — француски физичар.
1849 Вилијам Хенли Ернест — англиски поет.
1864 Елефтериос Венизелос — грчки револуционер и политичар.
1878 Едмон Бушје Де Бел — француски писател.
1880 Александар Грин — руски писател.
1887 Алвин Хансен — американски економист.
1910 Џузепе Меаца — италијански фудбалер.
1924 Роберт Солоу — американски економист, добитник на Нобеловата награда.
1924 Ефраим Кишон — израелски писател, сценарист и режисер.
1926 Ана Липша - Тофовиќ — југословенска и македонска оперска пејачка.
1929 Золтан Цибор — унгарски фудбалер.
1929 Вера Мајлс — американска глумица.
1946 Кит Мун — англиски рок-музичар, член на групата „Ху“.
1952 Сантилјана — шпански фудбалер.
1954 Филип Емегвали — нигерски инженер.
1959 Едвин Колинс — шкотски рок-музичар, продуцент и телевизиски глумец.
1962 Шон Рајдер — британски поп-рок-музичар, член на групата Хепи Мандис (Happy Mondays).
1966 Марко Брачи — италијански одбојкар.
1970 Ривер Феникс — американски глумец.
1971 Деметрио Албертини — италијански фудбалер.
1977 Јелена Розга — хрватска поп-пејачка.
1984 Андреана Чекиќ — српска пејачка.
1990 Стефан Спировски — македонски фудбалер.
1994 Јусиф Нуркиќ — босански кошаркар.

Починале:

1806 Шарл Кулон — француски физичар.
1832 Јохан Георг Ваглер — германски зоолог.
1926 Рудолф Валентино — американски глумец.
1987 Дидје Пирони — француски автомобилист во трките на „Формула 1“.
2006 Магдолна Хас — унгарска македонистка.
2018 Екрем Хусеин — македонски балетан.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица