16 август

датум

16 август — 228-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(229-и во престапна година).Остануваат 137 денови до крајот на годината.

<<август>>
НПВСЧПС
010203
04050607080910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
2024

Настани:

1896 Во Јукон, северозападниот дел на Канада, откриено е злато кое поттикнало десетици илјади авантуристи да тргнат во потрага, во тнр. златна треска.
1914 Британскиот експедициски корпус се истовари во Франција. Со тоа, Велика Британија го почна активното учество во Првата светска војна.
1930 Уб Иверкс го прави првиот звучен цртан филм во боја, наречен Fiddlesticks (Бесмислици).
1960 Кипар стекнал независност од Велика Британија.
1960 Џозеф Китингер скокнал со падобран над Ново Мексико на висина од 31.330 метри, со што поставил три сѐ уште актуелни рекорди: највисок скок, најдолг слободен пад и најголема брзина на човек без летало.
1977 Елвис Присли, кралот на рокенролот (на сликата), починал од предозираност со дрога во својот дом во Грејсленд на 42 години.

Родени:

1845 Габриел Липманфранцуски физичар, добитник на Нобеловата награда.
1860 Жил Лафорг — француски поет.
1867 Антонио Нобре — португалски писател.
1876 Иван Билибинруски илустратор на сказни и сценограф.
1913 Менахем Бегин — израелски политичар.
1920 Чарлс Буковскиамерикански поет и романсиер.
1929 Бил Еванс — американски џез-пијанист и композитор.
1946 Павао Павличиќ — хрватски писател.
1949 Скот Ештон — американски рок-музичар, член на групата Стуџис (The Stooges).
1953 Миша Алексиќ — српски рок-музичар, член на групата Рибља чорба.
1958 Мадонаамерикански пејачка.
1961 Иван Пудар — хрватски фудбалски голман и тренер.
1965 Горан Баре — хрватски рок-музичар, член на групата Мајке.
1968 Матеја Свет — словенечка и југословенска скијачка.
1973 Милан Рапаиќ — хрватски фудбалер.
1974 Кристина Егерсеги — унгарска пливачка.
1981 Влатко Митков — македонски ракометар.
1981 Роке Санта Крус — парагвајски фудбалер.
1982 Џолион Лескот — англиски фудбалер.
1982 Теодор Салпаров — бугарски одбојкар.
1989 Муса Сисоко — француски фудбалер.
1992 Диего Шварцман — аргентински тенисер.
1995 Јосип Јурановиќ — хрватски фудбалер.
2001 Јаник Синер — италијански тенисер.

Починале:

1339 Ацоне Висконти — владетел на Милано.
1705 Јакоб Бернулишвајцарски математичар и научник.
1888 Џон Пембертон — американски аптекар и создавач на Кока-колата.
1893 Жан Мартин Шарко — француски лекар, еден од најголемите невролози на сите времиња; се занимаваше со проблемите на хистеријата, хипнотизмот и склерозата.
1938 Роберт Џонсон — американски блуз-музичар.
1948 Бејб Рут — американски бејзбол играч.
1949 Маргарет Мичеламериканска романсиерка, авторка на една од најпознатите и најпродавани книги во историјата „Одвеано со виорот“.
1956 Бела Лугошиунгарски глумец.
1977 Елвис Прислиамерикански пејач, музичар и глумец, икона на поп-културата. Наречен „Крал на рокенролот“.
1997 Нусрет Фатех Али Кан — пакистански музичар.
2007 Макс Роуч — американски џез-музичар.
2018 Арета Френклин — американска соул-пејачка.
2019 Питер Фонда — американски глумец.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица