3 август

датум

3 август — 215-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(216-и во престапна година).Остануваат 150 денови до крајот на годината.

<<август>>
НПВСЧПС
010203
04050607080910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
2024
Логото на НБА

Настани:

1492 Италијанскиот морепловец Кристофер Колумбо којшто работел за шпанскиот кралски двор со бродовите „Санта Марија“, „Ниња“ и „Пинта“ отпочнал патување за пронаоѓање на морскиот пат кон Индија, а пристигнал до Карибите откривајќи ја Америка.
1909 Во Солун почна Основачкиот конгрес на Народната федеративна партија на која беа усвоени правците и задачите на партијата и беше избрано партиско раководство на чело со Димитар Влахов.
1914 Германија во Првата светска војна ѝ објави војна на Франција.
1936 Џеси Овенс го освојува својот прв златен медал на олимпијадата во Берлин каде во финалната трка го победува Ралф Меткалф.
1949 Кошаркарската асоцијација на САД го добива името Националната кошаркарска асоцијација (НБА).
1960 Нигер се стекнува со независност од Франција.
2002 Турција ја укинува смртната казна
2013 Хасан Рухани доаѓа на функцијата претседател на Иран

Родени:

1832 Иван Зајц — хрватски композитор.
1882 Алојз Градник — словенечки поет.
1916 Хосе Мануел Морено — аргентински фудбалер.
1926 Тони Бенет — американски пејач.
1940 Роско Мичел — американски џез-музичар.
1940 Мартин Шин — американски глумец.
1952 Освалдо Ардилес — аргентински фудбалер.
1959 Коичи Танака — јапонски хемичар, добитник на Нобеловата награда.
1963 Џејмс Хетфилд — американски рок-музичар, член на групата „Металика“ (Metallica).
1975 Феликс Брих — германски фудбалски судија.
1979 Еванџелин Лиликанадска глумица.
1982 Виктор Хрјапа — руски кошаркар.
1983 Камерон Вурф — австралиски велосипедист.
1983 Чезаре Бенедети — италијански велосипедист.
1984 Рајан Лохти — американски пливач.
1986 Дарја Домрачева — белоруска биатлонка.
1989 Сем Хачинсон — англиски фудбалер.
1994 Корентан Толисо — француски фудбалер.
1994 Емерсон Палмиери — италијански фудбалер.
1995 Иљја Власов — руски одбојкар.

Починале:

1857 Ежен Си — француски писател.
1902 Лазар Москов — македонски револуционер.
1924 Џозеф Конрадбритански писател со полско потекло, автор на „Срце на темнината“.
1979 Бертил Олин — шведски економист и политичар.
1995 Ида Лупино — англиско-американска глумица, режисерка и продуцентка.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица