27 декември

датум
<<декември>>
НПВСЧПС
01020304050607
08091011121314
15161718192021
22232425262728
293031
2024

27 декември — 361-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(362-и во престапна година). Остануваат 4 денови до крајот на годината.

Настани:

1938 Во Скопје за првпат е изведена драмата „Парите се отепувачка“ од драмскиот писател Ристо Крле.
1945 Стапи во сила Договорот за основање Меѓународен монетарен фонд (ММФ), усвоен на Монетарната и финансиската конференција на Обединетите нации, во јули 1944 година, во Бретон Вудс, со учество на претставници од 44 земји, а со задача да ја унапредува меѓународната трговија, да воспоставува и да одржува валутна стабилност во светот.
1949 Холандската кралица Јулијана потпиша документ со кој и е даден суверенитет на Индонезија, по повеќе од три века холандска колонијална управа.
1979 Во Авганистан е извршен државен удар со директно воено мешање на СССР. Првпат Советскиот Сојуз, изврши интервенција во земја која е членка на Варшавскиот пакт.
1992 Магазинот „Тајм“ го именува Бил Клинтон за „човек на годината“.
1993 Најмалку 26 лица загинаа, а 16 исчезнаа, како последица од тајфунот „Нел“ што ги погоди јужните Филипини.

Родени:

1571 Јохан Кеплер — германски астроном, математичар и физичар.
1717 Пиј VIримски папа.
1822 Луј Пастер — француски хемичар и биолог.
1901 Марлен Дитрих — германска и американска глумица.
1918 Христо Брашнаров — македонски гинеколог, акушер и учесник во НОБ.
1931 Џон Чарлс — велшки фудбалер.
1946 Трифун Костовски — македонски стопанственик и поранешен градоначалник на Град Скопје.
1948 Оливие Бланшар — француски економист.
1950 Роберто Бетега — италијански фудбалер.
1980 Адријана Будимир — хрватска ракометарка.
1981 Никита Алексеев — руски хокеар.
1982 Терји Скибенесгитарист на викиншката метал-група „Тир“ од Фарските Острови.
1984 Жил Симон — француски тенисер.
1988 Хејли Вилијамс — американска пејачка, членка на групата „Paramore“.
1990 Милош Раониќ — канадски тенисер.

Починале:

1534 Антонио да Сангало Постариот — италијански архитект од времето на ренесансата.
1585 Пјер Ронсар — француски писател од времето на ренесансата.
1743 Ијасент Риго — важен француски барокен сликар и портретист.
1911 Штерјо Михајлов — учесник во македонското револуционерно движење.
1923 Густав Ајфел — француски инженер и градител на познатата Ајфелова кула.
1836 Ханс фон Сект — висок офицер во германската армија.
1938 Осип Манделштам — руски и советски поет и есеист.
1952 Рамадан Зејнели — писател за деца од албанската националност во Македонија.
1978 Крис Бел — американски поп-рок музичар, член на групата „Биг стар“ (Big Star).
2011 Хелен Франкенталер — американска сликарка.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица