2 декември

датум
<<декември>>
НПВСЧПС
01020304050607
08091011121314
15161718192021
22232425262728
293031
2024

2 декември — 336-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(337-и во престапна година). Остануваат 29 денови до крајот на годината.

Настани:

1772 Основано Кралското физиографско друштво во Лунд, Шведска.
1804 Наполеон Бонапарт е крунисан за цар на Франција.
1805 Наполеон Бонапарт ги победил руските и австриските трупи кај Аустерлиц (место кај Брно, во Чешка). Француската војска (околу 73.000 војници) ги поразила сојузничките сили на Русија (околу 70.000 војници) и на Австрија (околу 15.000 војници). Австрискиот цар Франц II утредента склучил примирје со Наполеон. Аустерлиц подоцна станал поим за брза победа.
1942 Во Чикаго за првпат практично бил остварен процесот на јадрено цепење. Експериментот успешно го извеле научниците кои работеле на тајниот проект за производство на првата атомска бомба.
1946 По борбата што се водела помеѓу македонските партизани и грчката владина војска на патот Лерин - Песодер, грчките власти започнале со терор во селото Буф. Околу 200 полицајци и 80 вооружени монархисти од околните села вршеле грабежи, горење и пустошење. Запалиле 46 трла, плевни, воденици, ѕверски мачеле 28 невини Македонци.
1956 Фидел Кастро и помала група кубански револуционери се истовариле на Куба и започнале борба, која завршила со соборување на диктаторскиот режим на Баиста.
1993 Франција официјално објави дека ќе воспостави дипломатски односи со Република Македонија.
1997 Во Новокузнецк, од експлозија на метан во рудникот за јаглен Зирјановскаја, загинале 61 рудар.

Родени:

1728 Фердинандо Галијани — италијански економист и општественик од времето на просветителството.
1901 Рајмундо Орси — италијанско-аргентински фудбалер.
1923 Марија Калас — американска оперска пејачка.
1930 Гари Бекер — американски економист, добитник на Нобеловата награда.
1935 Рони Метјуз — американски џез-музичар.
1948 Антонин Паненка — чешки фудбалер.
1962 Владо Бучковски — македонски универзитетски професор и политичар, поранешен премиер на Република Македонија.
1970 Максим Тарасов — советски и руски атлетичар.
1973 Моника Селеш — југословенска тенисерка.
1978 Нели Фуртадо — канадска поп пејачка.
1981 Бритни Спирс — американска поп пејачка.
1987 Никола Еде — француски велосипедист.
1989 Матео Дармијан — италијански фудбалер.
1999 Келвин Киптум — кениски маратонец.

Починале:

1470 Пјеро ди Козимо де Медичи — владетел на Фиренца.
1497 Ана Сфорца — ќерка на Галеацо Марија Сфорца.
1918 Едмонд Ростан — француски неороматичарски поет и драмски писател.
1944 Филипо Томазо Маринети — италијански поет и теоретичар, основач на футуризмот.
1974 Лајош Зилахи — унгарски писател.
2013 Педро Роча — уругвајски фудбалер.

Празници:

1944 Ден на работниците од јавниот патен сообраќај во Македонија
Светски ден на укинување на ропството
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица