15 декември

датум
<<декември>>
НПВСЧПС
01020304050607
08091011121314
15161718192021
22232425262728
293031
2024

15 декември — 349-иот ден во годината според грегоријанскиот календар(350-и во престапна година). Остануваат 16 денови до крајот на годината.

Настани:

1891 Ковчегот со посмртните останки на Наполеон Бонапарт бил положен во „Домот на инвалидите“ во Париз, по 19 години од неговата смрт на островот Св. Елена.
1891 Џејмс Нејсмит им ја претставил на своите ученици првата верзија на кошарката, со по девет играчи и корпи на земја.
1941 Греманските војници погубиле над 15.000 Евреи во Дробицки Јар, близу до Харков, денешна Украина.
1945 Симфонискиот оркестар на денешната Македонска филхармонија го оддржал својот прв симфониски концерт.
1946 Во Скопје започнале првите предавања на Филозофскиот факултет — наследник на стариот скопски филозофски факултет (во склоп на Белградскиот) и прв факултет при Универзитетот во Скопје, денес „Св. Кирил и Методиј“.
1961 Судот во Ерусалим го осудил на смрт нацистичкиот злосторник Адолф Ајхман, одговорен за смртта на повеќе стотици илјади невини цивили во Втората светска војна.
1994 По едномесечна политичка криза, Џон Брутон станал нов премиер на Република Ирска.
1999 Борис Трајковски ја презел должноста Претседател на Република Македонија.

Родени:

37 Неронримски цар (п. 68).
130 Луциј Вер — римски цар.
1657 Мишел-Ришар Делаланд — француски барокен композитор.
1802 Јанош Бојаи — унгарски математичар.
1832 Александар Густаф Ајфел — француски инженер и градител на познатата Ајфелова кула.
1852 Анри Бекерел — француски физичар.
1859 Лазар Лудвиг Заменхоф — полски лекар и филолог, творец на меѓународниот јазикесперанто“.
1886 Александар Станишев — бугарски лекар, научник и политичар.
1893 Васа Поморишац — српски сликар.
1901 Атанас Близнаков — основач на истоимената фондација при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
1907 Оскар Нимаер — бразилски архитект.
1912 Реј Имс — американска дизајнерка и архитект.
1916 Морис Вилкинс — англиски биолог.
1928 Филип К. Дик — американски писател.
1946 Мирослав Јосиќ Вишњиќ — српски писател.
1946 Жарко Пуховски — хрватски професор, филозоф и политички аналитичар.
1949 Дон Џонсон — американски глумец.
1950 Стјепко Гут — српски џез-музичар.
1952 Алан Симонсен — дански фудбалер.
1955 Пол Сајмонон — англиски рок-музичар.
1981 Роман Павличенко — руски фудбалер.
1983 Виран Морос — шпански ракометар.
1984 Мартин Шкртел — словачки фудбалер.
1986 Кејлор Навасфудбалски голман од Костарика.
1992 Џеси Лингард — англиски фудбалер.
1996 Олександр Зинченко — украински фудбалер.

Починале:

1025 Василиј II Македонецотвизантиски цар.
1675 Јан Вермер — холандски сликар.
1890 Бикот што седи — индијански поглавар на племето Сиукси.
1944 Глен Милер — американски музичар, продуцент и композитор.
1966 Волт Дизни — американски аниматор и филмски продуцент, творец на современиот цртан филм.
1997 Борислав Михајловиќ - Михиз — српски писател и критичар.
2004 Гого Ивановски — македонски писател.
2011 Кристофер Хиченс — англиски новинар и општественик.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица