2 јуни

датум
01
02030405060708
09101112131415
16171819202122
23242526272829
30 

2 јуни — 153-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар(154-ти во престапна година). Остануваат 212 дена до крајот на годината.

Настани:

1739 Во Стокхолм е основана Кралската шведска академија на науките.
1924 Конгресот на САД им го признач правото на државјанство на сите Индијанци.
1945 Комисијата за јазик и правопис дефинитивно го усвои проектот на македонскиот правопис, кој е озаконет со решение на Министерството за народна просвета на Демократска Федеративна Македонија од 7 јуни 1945 година.
1946 Во Италија со референдум е прогласена Република. Затоа 2 јуни е прогласен за национален празник на Италија.
1966 На Месечината се спушти првиот американски вселенски брод „Сервејер-1“, без човечки екипаж.
2004 Хари Костов е избран за премиер на Република Македонија. Опозицијата не присуствуваше на гласањето за избор на новиот владин Кабинет, што го предложи Костов.

Родени:

1535 Лав XIримски папа.
1835 Пиј X — римски папа.
1840 Томас Харди — англиски писател.
1857 Едвард Елгар — англиски композитор.
1904 Џони Вајсмилер — американски пливач и глумец.
1904 Франтишек Планичка — чехословачки фудбалер.
1917 Нада Зекманова Јакимова — македонска писателка за деца.
1922 Хуан Антонио Бардем — шпански режисер.
1931 Хусеин Тахмишчиќ — босански поет.
1936 Цане Здравковски — македонски писател.
1940 Константин II — крал на Грција.
1941 Бил Вајман — англиски рок-музичар, член на групата „Ролинг Стоунс“.
1941 Стејси Кич — американски глумец.
1949 Владимир Луков — бугарски поет.
1950 Момчило Вукотиќ — српски југословенски фудбалер.
1960 Тони Хедли — англиски поп-пејач, член на групата Спандау балеј.
1961 Дез Кадена — американски хардкор-музичар, член на групата Блек флег.
1966 Ивица Обрван — хрватски ракометар и тренер.
1968 Талант Дујшебаев — руски и шпански ракометар.
1968 Мајк Дин — англиски фудбалски судија.
1976 Игор Ангеловски — македонски фудбалер и тренер.
1977 Степан Шевчук — руски кану-спринтер.
1978 Роберт Петров — македонски фудбалер.
1981 Николај Давиденко — руски тенисер.
1984 Тајлер Фарар — американски велосипедист.
1986 Виктор Мелантев — руски кану-спринтер.
1988 Серхио Агуеро — аргентински фудбалер.
1989 Давиде Аполонио — италијански велосипедист.
1990 Михал Квјатковски — полски велосипедист.
2003 Јусуф Демир — австриски фудбалер.

Починале:

657 Евгениј I — римски папа.
1876 Светомир Николаевиќ — српски писател.
1876 Христо Ботев — бугарски револуционер.
1882 Џузепе Гарибалдииталијански револуционер и демократ, водач за обединување на Италија со револуција.
1937 Љубомир Милетиќ — бугарски научник.
1969 Радивој Кораќ — српски и југословенски кошаркар.
1984 Кирил Македонски — македонски композитор.
1987 Андре Сеговија — шпански гитарист.
1991 Ладислав Баришиќ — македонски и југословенски ликовен критичар.
2023 Аструд Жилбертобразилска пејачка на босанова.

Празници:

Италијанационален празник
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица