7 мај

датум
<<мај>>
НПВСЧПС
01020304
05060708091011
12131415161718
19202122232425
262728293031
2024

7 мај — 127-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (128-и во престапна година).Остануваат 238 денови до крајот на годината.

Настани:

1755 На иницијатива на големиот руски научник Михаил Василевич Ломоносов е отворен Московскиот универзитет (грб на сликата), кој првобитно имал само филозофски, правен и медицински факултет. Универзитетот набргу станал центар на руската наука.
1838 Луј Дагер, француски сликар го откри методот на механичко сликање, односно го пронајде овој вид на фотографија.
1929 За првпат е доделена наградата „Оскар“, што секоја година ја доделува Академијата за филмска уметност и наука во Холивуд, САД, за најдобар американски филм, за најдобра машка и женска улога, за режија, сценарио и друго.
1939 Втора светска војна: Германија и Италија склучија пакт, познат како „Оска Берлин-Рим“.
1993 Со одлука на Владата на Република Македонија од 20 април 1993 година, 7 мај е востановен како Ден на македонската полиција, а по повод истиот ден во 1903 година, кога на Смилевскиот конгрес на ТМОРО е извршена реорганизација на власта и безбедноста.
1999 Бомбардирана кинеската амбасада во Белград, во текот на воздушната поход на НАТО против СР Југославија. Во инцидентот загинаа тројца кинески дипломати, а настанот предизвика гнев кај раководството на НР Кина. Официјалниот став на НАТО алијансата беше дека се работи за грешка.
2012 Владимир Путин по вторпат станува претседател на Русија.

Родени:

1711 Дејвид Хјум — шкотски филозоф и економист.
1833 Јоханес Брамс — германски композитор - романтичар.
1840 Петар Илич Чајковски — руски композитор, еден од најголемите симфоничари на XIX век.
1841 Гистав Ле Бон — истакнат француски социопсихолог и социолог, основач на дисциплината психологија на толпата и инспирација за Хитлеровото дело „Мојата борба“.
1861 Рабиндранат Тагоре — индиски поет и мислител.
1892 Јосип Броз - Титојугословенски револуционер и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.
1901 Гари Купер — американски глумец.
1919 Ева Перон — сопруга на претседателот на Аргентина, Хуан Перон.
1940 Артур Блајт — американски џез-музичар.
1951 Карлос Аломар — порторикански гитарист.
1986 Евгениј Воронов — руски кошаркар.
1993 Ајла Томљановиќ — австралиска тенисерка.
1995 Џек Хендри — шкотски фудбалер.
1997 Јури Тилеманс — белгиски фудбалер.
1999 Коги Гакпо — холандски фудбалер.

Починале:

1840 Каспар Давид Фридрих — најистакнат сликар на германскиот романтизам.
1906 Андонис Влахакис — андартски капетан.
1924 Димитар Благоев — бугарски политичар
1925 Тодор Паница — бугарски револуционер, деец на ВМОРО


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица