2 мај

датум
<<мај>>
НПВСЧПС
01020304
05060708091011
12131415161718
19202122232425
262728293031
2024

2 мај — 122-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (123-и во престапна година).Остануваат 243 денови до крајот на годината.

Настани:

1903 Во селото Смилево, Демирхисарско, почнал Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМРО. За претседател на Конгресот бил избран Даме Груев. Мнозинството на Конгресот се изјаснило за кревање востание.
1945 СССР го објавил освојувањето на Берлин во Втората светска војна. Војниците на Црвената армија го развиориле црвеното знаме над Рајхстагот.
1949 Во Струмица е формиран Народниот театар „Антон Панов“. Во театарот била изведена првата претстава, „Бегалка“ од македонскиот писател Васил Иљоски.
1952 Првиот патнички авион на млазен погон „Де Хавиленд Комет-1“ го направил првиот лет на линијата Лондон-Јоханесбург.
1982 Една британска подморница го потопила аргентинскиот брод „General Belgrano“, при што загинале над 350 луѓе.
1994 Африканскиот национален конгрес на Нелсон Мандела победил на првите слободни парламентарни избори во Јужна Африка.
1999 Во текот на бомбардирањето на СР Југославија, авијацијата на НАТО употребила „графитни бомби“, предизвикувајќи распад на електроенергетскиот систем на земјата.
2007 Еден од учесниците на релито „Гамбол 3000“, Николас Морли, возејќи со недозволена брзина во близина на Струга, удрил во друго возило при што загинале двете лица во другото возило, брачниот пар Чепујновски од Струга. Релито било прекинато, а Морли осуден.
2008 Циклонот „Наргис“ го зафатил Мјанмар и предизвикал катастрофално уништување и поплави, при што загинале над 100.000 луѓе.
2012 Јанош Адер е избран за претседател на Унгарија.

Родени:

1551 Вилијам Кемден — англиски историчар.
1660 Алесандро Скарлати — италијански композитор († 1725.).
1729 Катерина II — руска царица († 1796.).
1810 Лав XIIIримски папа.
1860 Теодор Херцл — еврејски писател, основач и теоретичар на модерниот ционизам.
1863 Тома Давидов — учесник во македонското револуционерно движење.
1892 Манфред фон Рихтхофен — истакнат германски пилот, наречен „Црвениот барон“ († 1918).
1896 Елена — кралица на Романија.
1924 Мери Бошкова — македонска театарска, телевизиска и филмска глумица.
1937 Миро Унгар — хрватски пејач на забавна музика.
1943 Мустафа Надаревиќ — босански и југословенски глумец. († 2020)
1945 Боб Роквел — американски џез-музичар.
1948 Панде Манојлов — македонски писател.
1948 Јосип Каталински — босански и југословенски фудбалер.
1951 Смиле Наумовски — македонски писател.
1955 Донатела Версаче — италијански моден творец.
1960 Ѓорге ИвановПретседател на Република Македонија.
1963 Горан Рафајловски — македонски политичар.
1975 Дејвид Бекам — англиски фудбалер.
1975 Шарлота Велшка — принцеза, ќерка на британскиот престолонаследник Вилијам.
1982 Емилија Златкова Анастасова — македонска писателка.
1986 Амандин Лејно — француска ракометарка.
1987 Филип Филиповиќ — српски ватерполист.
1990 Пол Џорџ — американски кошаркар.

Починале:

373 Атанасиј АлександрискиПатријарх на Александрија.
902 Борис I — бугарски цар.
1519 Леонардо да Винчи — италијански уметник и пронаоѓач (р. 1452.).
1567 Марин Држиќ — хрватски писател.
1957 Џозеф Мекарти — американски сенатор (р. 1908.).
1980 Кирил Петрушев — министер за внатрешни работи на Македонија.
2002 Изет Сарајлиќ — босански и југословенски поет.
2013 Џеф Ханеман — американски хеви-метал гитарист.
2015 Маја Плисецкаја — руска и советска балерина.
2022 Ѓуро Седер — хрватски сликар.

Празници:

Ден на Знамето на Полска
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица