8 мај

датум
<<мај>>
НПВСЧПС
01020304
05060708091011
12131415161718
19202122232425
262728293031
2024

8 мај — 128-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (129-и во престапна година).Остануваат 237 денови до крајот на годината.

Настани:

1886 Фармацевтот Џон Стит Пембертон го изумил газираниот пијалак подоцна наречен „Кока-Кола“.
1898 Одиграни се првите натпревари од Италијанската фудбалска лига, започната од англиски доселеници
1902 На Мартиник избувнал вулканот Монт Пеле и го уништил градот Сен Пјер, убивајќи над 30.000 луѓе. Само неколку жители преживеале.
1921 Во Шведска е укината смртната казна.
1945 Втора светска војна: Нацистичка Германија капитулира.
1992 Република Филипини ја призна Република Македонија.
1995 Република Македонија и Република Сингапур воспоставиле дипломатски односи.

Родени:

1828 Жан Анри Динан — швајцарски филантроп, основоположник на Црвениот крст и на Женевските конвенции.
1858 Руџеро Леонкавало — италијански композитор.
1884 Хари Труман — 33. претседател на САД.
1899 Фридрих фон Хајек — австриско-британски економист, добитник на Нобеловата награда.
1903 Фернандел — француски глумец.
1906 Роберто Роселини — италијански режисер.
1911 Роберт Џонсон — американски блуз-музичар.
1914 Глигор Смокварски — македонски композитор, кларинетист и музиколог.
1916 Жоао Авеланж — претседател на ФИФА од 1974 до 1998 година.
1926 Дејвид Атенборо — британски природонаучник и документарист.
1933 Џемаил Максут — македонски театарски и филмски глумец.
1935 Џек Чарлтон — англиски фудбалер.
1937 Томас Пинчон — американски писател.
1945 Кит Џерет — американски џез-музичар.
1951 Мајк Д'Антони — италијанско-американски кошаркарски тренер.
1951 Крис Франц — американски рок-музичар, член на групата Токинг хедс (Talking Heads).
1954 Џон Мајкл Телбот — американски пејач.
1957 Масимо Урбани — италијански џез-музичар.
1960 Реџеп Акдаг — министер за здравство на Турција.
1960 Франко Барези — италијански фудбалер.
1960 Владимир Пиштало — српски писател.
1970 Луис Енрике — шпански фудбалер и тренер.
1975 Енрике Иглесијас — шпански пејач.
1977 Тедорос Папалукас — грчки кошаркар.
1978 Лусио — бразилски фудбалер.
1981 Андреа Барѕаљи — италијански фудбалер.
1985 Александар Каун — руски кошаркар.
1986 Дарко Соколов — македонски кошаркар.
1989 Беноа Пер — француски тенисер.
1990 Кемба Вокер — американски кошаркар.
1999 Џанан Муса — босански кошаркар.
2000 Сандро Тонали — италијански фудбалер.

Починале:

615 Бонифациј IV — римски папа.
685 Бенедикт IIримски папа.
1794 Антоан Лавоазје — француски хемичар.
1873 Џон Стјуарт Мил — англиски филозоф и економист
1880 Гистав Флобер — француски писател.
1891 Мадам Блаватска — основач на теозофијата и Друштвото на теозофи.
1903 Пол Гоген — француски сликар.
1905 Јосип Јурај Штросмајер — хрватски римокатолички епископ, добродетел и политичар.
1907 Захариас Пападас — деец на грчката вооружена пропаганда.
1925 Тодор Паница — бугарски револуционер.
1945 Насте Сотироскипартизан од Македонија.
1977 Тодор Павлов — бугарски комунист.
1982 Жил Вилнев — канадски автомобилист.
1983 Џон Фанте — американски писател.
1999 Дирк Богард — англиски глумец.
2012 Морис Сендак — американски писател за деца и илустратор.
2022 Фред Ворд — американски глумец.

Празници:

Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Свети Евангелист Марко, кој, според традицијата, се жртвувал за Христа на денешен ден во 68. година во Александрија.
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица