1 мај

датум
<<мај>>
НПВСЧПС
01020304
05060708091011
12131415161718
19202122232425
262728293031
2024

1 мај — 121-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (122-и во престапна година).Остануваат 244 денови до крајот на годината.

Настани:

1707 Англија и Шкотска се обединуваат и го формираат Кралството Велика Британија
1834 Британските колонии го укинуваат ропството.
1886 Во Чикаго, САД, избувна штрајк на околу 40.000 работници кои истапија со барањето за осумчасовен работен ден. На Првиот конгрес на Втората интернационала, што се одржа во Париз, во 1889 година беше решено секоја година на 1 мај, во знак на сеќавање на чикашките работници, да се одржуваат масовни демонстрации. Од 1890 година 1 мај се слави не само во знак на борбата за осумчасовен работен ден, туку како манифестација на класната солидарност на работничката класа во целиот свет.
2001 Како реакција на Масакрот кај Вејце, во насилни демонстрации во Битола се запалени повеќе од 40 албански куќи, дуќани и фирми.
2004 Естонија, Кипар, Латвија, Литванија, Малта, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка станаа членки на Европската Унија.
2019 Нарухито седнал на престолот на Јапонија, отстапен од неговиот татко, Акихито. Со ова е означен почеток на раздобјето Рејва во јапонската историја.

Родени:

1909 Јанис Рицос — грчки поет, добитник на Златниот венец на СВП.
1916 Глен Форд — канадско-американски глумец.
1924 Иван Антонов — доајен на македонското радио и телевизиско спикерство.
1927 Бернард Вукас — хрватски и југословенски фудбалер.
1929 Ралф Дарендорф — германски социолог.
1929 Станислав Микулски — полски глумец († 2014).
1934 Ширли Хорн — американска џез-музичарка и пејачка.
1947 Данило Попивода — словенечки и југословенски фудбалер.
1949 Пол Тејтул Сениор — основач на Оринџ Каунти Чоперс.
1955 СтефанАрхиепископ Охридски и Македонски.
1969 Вес Андерсон — американски режисер.
1971 Ненад Перуничиќ — српски и југословенски ракометар и тренер.
1982 Дарио Срна — хрватски фудбалер.
1985 Филип Ивановски — македонски фудбалер.
1987 Сашко Пандев — македонски фудбалер.
1987 Леонардо Бонучи — италијански фудбалер.

Починале:

408 Аркадијримски цар.
1118 Матилда — сопруга на кралот Хенри I.
1277 Стефан Урош I — крал на Србија.
1555 Марцел IIримски папа.
1572 Пиј V — римски папа.
1873 Дејвид Ливингстон — шкотски мисионер и истражувач.
1904 Антонин Дворжак — чешки композитор.
1945 Јозеф Гебелс — нацистички функционер како Министер за народна просвета и пропаганда.
1978 Арам Хачатурјан — ерменски композитор (р. 1903.)
1994 Ајртон Сена — бразилски возач во „Формула 1“.
2011 Осама бин Ладен — саудиски терорист, основач на Ал-Каеда.
2021 Олимпија Дукакис — американска глумица.
2022 Ивица Осим — босански и југословенски фудбалер и тренер.

Празници:

Меѓународен ден на трудот
САД — Ден на правото
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица