30 мај

датум
<<мај>>
НПВСЧПС
01020304
05060708091011
12131415161718
19202122232425
262728293031
2024

30 мај — 150-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (151-и во престапна година).Остануваат 215 денови до крајот на годината.

Настани:

1498 Кристофер Колумбо, шпански морепловец со Италијанско потекло, со шест бродови испловил од шпанското пристаниште Санлукар на третото патување во Новиот Свет, при што ги открил Тринидад и брегот на Јужна Америка.
1969 Гибралтар добил статус на британски доминион со внатрешна самоуправа.
1973 Западна Германија и Чехословачка потпишале Договор за нормализација на односите, ставајќи крај на 32-годишните несогласувања меѓу двете земји.
1981 Во Бангладеш, во обидот за државен удар, бил убиен претседателот Ајаур Рахман.
1998 Во земјотресот, што ја зафатил северната авганистанска покраина Тахар, загинале најмалку три илјади лица.

Родени:

1220 Александар Невски — голем кнез на Новгород и Владимир и руски светец.
1845 Амадеј Iкрал на Шпанија.
1875 Џовани Џентиле — италијански неохегелијански идеалистички филозоф и политичар.
1876 Владимир Назор — хрватски писател.
1896 Хауард Хокс — американски филмски режисер.
1909 Бени Гудман — американски џез-музичар.
1922 Александар Матковски — македонски историчар, прв доктор на историски науки од Македонија и прв историчар ориенталист.
1928 Густав Леонхарт — холандски клавијатурист и диригент, истакнат деец во областа на автентичната музичка изведба
1932 Хосе Мело — филипински правник.
1934 Алексеј Леонов — советски космонаут.
1936 Димитар Димитров — македонски поет.
1937 Љубиша Георгиевски — македонски политичар и филмски и театарски режисер.
1946 Драган Џаиќ — српски и југословенски фудбалер.
1949 Симјон Симев — македонски поет.
1950 Саво Костадиновски — македонски поет.
1950 Бертранд Делано — градоначалник на Париз.
1951 Здравко Чолиќ — босанско-српски поп-пејач.
1955 Топер Хедон — англиски рок-музичар, член на групата „Клеш“ (The Clash).
1958 Мари Фредриксон — шведска поп-пејачка, членка на групата „Роксет“ (Roxette).
1959 Блаж Слишковиќ — босански и југословенски фудбалер и тренер.
1964 Венко Андоновски — македонски писател.
1964 Том Морело — американски рок-музичар, член на групата „Саундгарден“ (Soundgarden).
1966 Томас Хеслер — германски фудбалер.
1973 Лариса Косорукова — израелска кану-спринтерка.
1974 Николина Кујача — македонска глумица.
1980 Стивен Џерард — англиски фудбалер и тренер.
1981 Девендра Банхарт — фолк-рок-музичар.
1986 Марко Симоновиќ — српски кошаркар.
1993 Зак Ледеј — американски кошаркар.
1996 Александар Головин — руски фудбалер

Починале:

1431 Јованка Орлеанка — француска национална хероина од Стогодишната војна (1337 - 1453.).
1574 Шарл IXкрал на Франција.
1594 Балинт Балаши — ренесансен лирски поет, основач на современата унгарска лирика.
1640 Петар Паул Рубенс — фламански сликар.
1744 Александар Поуп — англиски поет.
1778 Франсоа Волтер — француски писател, историчар и филозоф.
1905 Бранивое Јовановиќ-Брана — војвода на Српскиот комитет на четничката акција.
1918 Георгиј Валентинович Плеханов — руски филозоф, политичар, историчар, критичар, естетичар и социолог.
1951 Херман Брох — австриски писател.
1960 Борис Пастернак — руски и советски писател.
1963 Рибејро Коуто — бразилски писател и дипломат.
1986 Хенк Мобли — американски џез-музичар.
1989 Зинка Миланов — американска оперска пејачка.
1994 Павле Савиќ — српски физичар и хемичар.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица