* Поради тоа што владината територија по 1949 има само малку допирни точки со територијата од пред 1945, оние кои биле национални пред 1949 најчесто се именуваат „Кинези“. Исто така, поради контроверзниот политички статус на Тајван, оние кои се за кинеско реобединување може да се нарекуваат „Кинези“ покрај или наместо „Тајванци“. Оние кои се за тајванска независност имаат тенденција да се нарекуваат само „Тајванци“.
Тајван,официјално:Република Кина (традиц.中華民國, упр.中华民国) — држава во источна Азија која еволуирала од еднопартиска држава со целосно меѓународно признавање во мултипартиска демократска држава со ограничено меѓународно признавање. Била една од неколкуте победнички земји во Втората светска војна и основачка членка на Обединетите Нации. Основана во 1912, Република Кина зафаќала најголем дел од континентална Кина. Во 1945, на крајот на Втората светска војна Република Кина ги додала островските групи Тајван (Формоза) и Пескадори кон својата јурисдикција. Овие островски групи, заедно со Кинмен и Мацу станале целосната територија на Република Кина по 1949 кога Куоминтанг ја загубиле Кинеската граѓанска војна од кинеската комунистичка партија и Народна Република Кина била формирана на континентална Кина. Според законот на Република Кина, тие територии се познати како Слободна Територија на Република Кина.