Во САД стапи во сила Законот за ослободување на црнците-робови. Тогаш околу 190.000 поранешни робови од територијата на југот на САД стапија во редовите на федералната армија.
Во знак на револт од улогата на Германија во Првата светска војна, кралот Џорџ V издал објава според која британското кралско семејство ќе го носи презимето Виндзор, наместо дотогашното Сакс-Кобург-Гота.
Во Потсдам, Германија, се одржала Потсдамската конференција на која се поништени освојувањата на Германија пред и во Втората светска војна, и нејзината територија е поделена меѓу сојузниците на четири окупациони зони.
Пуштен советскиот вселенски брод „Сојуз 12“. Космонаутката Светлана Савицка станала првата жена која се „прошетала“ во вселенскиот простор надвор од леталото.
Во Будимпешта, деветте земји-членки на Средноевропската иницијатива (ЦЕИ), ја примија Република Македонија како полноправна, десетта членка на оваа асоцијација.