Движење на неврзаните

Движењето на неврзаните е меѓународна организација во која членуваат 121 земји членки главно земји во развој. Движењето на неврзаните се занимава со прашањето на националните борби за независност, надминувањето на сиромаштијата, економскиот развој на земјите и се противи на колонијализмот, империјализмот и нео-колонијализмот. Земјите членки на Движењето на неврзаните претставуваат 55% од населението на Земјата и речиси 2/3 од членките на Обединетите нации[1][2].


Движење на неврзаните
  Земји членки
  Земји набљудувачи
Членство
  • 120 членки
  • 17 набљудувачи
Основана 1961 во Белград
Страница
csstc.org

СФР Југославија до својот распад беше една од основачите и предводниците на Движењето. Нејзините земји наследнички по стекнувањето на независност го изгубија интересот за членување во движењето, но некои, Босна и Херцеговина и Србија, имаат статус на набљудувачи.

Самити на Движењето на неврзаните

1 самит, Белград
16ти самит, Техеран

Самитите на Движењето на неврзаните обично се одржуваат на секои три години.

  • Првиот самит на Движењето се одржува во Белград од 1 до 6 септември 1961 година. На самитот учествуваат 25 држави: 11 од Африка и Азија и Југославија, Куба и Кипар.
  • Вториот самит се одржува во Каиро од 5 до 10 октомври 1964 година. Учествуваат 46 држави, при што најголем дел од новите членки се новите независни земји од Африка. Главни теми за дискусија се Израелско-арапскиот конфликт и Индиско-пакистанскиот конфликт.
  • Третиот самит се одржува во Лусака од 8 до 10 септември 1970 година. Учествуваат 54 држави.
  • Четвртиот самит се одржува во Алжир од 5 до 9 септември 1973 година. Светската нафтена криза од 1973 година е главна тема на самитот.
  • Петтиот самит се одржува во Коломбо од 16 до 19 август 1976 година.
  • Шестиот самит се одржува во Хавана од 3 до 9 септември 1979 година. Главната тема на самитот е односот на Движењето кон СССР и се дискутира околу формирањето антиимперијалистички сојуз со СССР.
  • Седмиот самит се одржува во Њу Делхи од 7 до 12 март 1983 година.
  • Осмиот самит се одржува во Хараре од 1 до 6 септември 1986 година.
  • Деветтиот самит се одржува по вторпат во Белград од 4 до 7 септември 1989 година.
  • Десеттиот самит се одржува во Џакарта од 1 до 7 септември 1992 година.
  • Единаесеттиот самит се одржува во Картахена од 18 до 20 октомври 1995 година.
  • Дванаесеттиот самит се одржува во Дурбан од 2 до 3 септември 1998 година.
  • Тринаесеттиот самит се одржува во Куала Лумпур од 20 до 25 февруари 2003 година.
  • Четиринаесеттиот самит се одржува по вторпат во Хавана од 11 до 16 септември 2006 година. На самитот е усвоена декларација со која се осудува употребата на прекумерна сила од страна на Израел во текот на Израелско-либанската војна, повикани се Обединетите Нации да бидат порепрезентативни за помалите земји членки, поддржана е иранската програма за јадрена технологија (за мирољубиви цели) и е осудена надворешната политика на САД.
  • Петнаесеттиот самит е одржан во Шарм ел-Шеик во Египет од 15 до 16 септември 2009.

Земји-членки

Моментални членки

Следниве земји се членки на Движењето на неврзаните, по континент, по годината на прием:[1]

Африка

Моментално секоја африканска земја (освен Јужен Судан) е членка на Движењето на неврзаните.

Америка

Азија

Европа

Океанија

Поранешни членки

  1.  Јеменска Арапска Република (1961–1990)[3]
  2.  Кипар (1961–2004)[4][5]
  3.  Југославија (1961–1992)[6][7][8]
  4.  Јужен Јемен (1970–1990)[3]
  5.  Малта (1973–2004)[5]
  6.  Аргентина (1973–1991)[9][10]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица