Урду

Урду (, اردو, транс. Urdū, историски Ordu) (исто така познат во родната форма како Лашкари, لشکری[2]) е дел од групата на централните јазици на индоариските јазици. Јазикот е службен во Пакистан еден од 23 службени јазици во Индија. Зборовниот фонд на јазикот се развил на основа на санскритскиот, персискиот, арапскиот и турските јазици. Јазикот почнал да се создава за време на султанатот Делхи и Могулското Царство во Јужна Азија[3].

Урду јазик
اُردو
Изговор[ˈʊrd̪uː]
Застапен воПакистан, Индија,Фиџи, како и малцински јазик во САД, Обединетото Кралство, Германија, Канада, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Бахреин, Катар, Саудиска Арабија, Австралија, Авганистан, Норвешка, Јужна Африка, Маврициус, Гвајана, Малезија, Суринам, Тринидад и Тобаго и Мјанмар.
ПодрачјеЈужна Азија
Говорници60 милиони (мајчин јазик) (2007)
180 милиони (вкупно)  
Јазично семејство
индоевропско
ПисмоУрду азбука (насталик)
Статус
Службен воПакистан Пакистан
Индија Индија (само 5 држави)
Фиџи Фиџи
Регулативен органАгенција за национален јазик, (Пакистан);
Национален совет за промоција на урду, (Индија)
Јазични кодови
ISO 639-1ur
ISO 639-2urd
ISO 639-3urd

Научниците независно го карактеризираат јазикот како стандарден како дел од хиндистанските јазици[4]. Граматичкиот опис на оваа статија е заснован на стандардниот урду јазик. Општо гледано, терминот урду може се однесува кон дијалекти на хиндустански отколку стандардната верзија на јазикот. Оригиналниот јазик на мугалите бил турскиот јазик, но со доселувањето во Јужна Азија го прифатиле персискиот јазик а подоцна и урду јазикот. Името на урду се верува дека доаѓа од турскиот збор ордо. На почетокот се нарекувал Забан-е-орду или јазикот на војската, а подоцна се нарекувал едноставно урду.

Стандардниот урду јазик е еден од дваетсетте најголеми јазици покрај сите јазици. Тој е еден од 23 службени јазици во Индија и е национален јазик на Пакистан.

Урду јазикот често е споредуван со хинди јазикот, другата стандардизирана форма на хиндистанскиот јазик[5]. Главната разлика помеѓу двата јазика е тоа што урду се пишува со писмото насталик и зборовите се под влијание на арапски и персиски јазик[6] додека стандардниот хинди јазик се пишува со деванагари и зборовите се под влијание на санскритски јазик[7][8]. Според одередени научници и јазичари, урду и хинди се два стандарди на еден ист јазик[9] а од друга страна, други ги класифицираат посебно поради социојазичарички причини.[10].

Распространетост

Има околу 60 до 80 милиони говорници на јазикот. Според Ethnologue, Хинди е петтиот најголем јазик во светот[11]. Според статијата на Џорџ Вебстер, Хинди/ урду јазикот е четвртиот најзборуван јазик во светот со околу 4.7% од вкупното светско население веднаш зад кинески јазик, англиски јазик и шпански јазик[12].

Поради сличноста на урду со хинди, луѓето од двете држави можат да се разберат меѓу себе. Поради вакавата состојба лингистите ги ставаат во една група на јазици и ги нарекуваат дијасистем. Покрај јазичаричките сличности, јазиците се различни од аспект на социо-политиката. Исто така, поради теренот каде се зборува, јазиците можат да се поделат на дијалекти.

Во Индија, урду се зборува на места каде има поголем број на муслиманско население или градови кои биле дел од муслимански империи. Така јазикот во Индија се зборува во Утар Прадеш, Делхи, Бопал, Хајдерабад, Бангалор, Калкута, Мајсур, Патна, Аџемер и Ахемдабад[13]. Некои од индиските училишта држат настава на урду јазик. Во Индија постојат над 3.000 публикации на урду од кои 405 се весници.

Во Пакистан, урду се зборува од поголемиот број на урбани жители во државата. Исто така се зборува во сите покраини во Пакистан, покрај фактот дека се зборуваат и различни јазици од урду. Јазикот се изучува до средното образование во сите училишта на Пакистан и тоа довело до зголемување на бројот на говорители на јазикот бидејќи и луѓето што ги зборувале панџаби, паштунски или синди јазиците сега го разбираат урду јазикот. Голем број зборови се воведени во урду јазикот како резултат на регионалните јазици

Фразата Забан-е Урду-е Муала напишан на писмото насталик.

Покрај во овие две држави, јазикот се зборува и во:

Службен статус

Урду е еден од службените јазици во Индија[24]

Урду е исто така национален и службен јазик на Пакистан. Јазикот се користи во образованието, литературата, судството итн. Покрај тоа што има многу јазици во Пакистан, урду е лингва франка во државата.

Дијалекти

Урду има четири дијалекти: дахини, пинџари, рехта и модерен урду заснован на хариболи дијалектот. Социојазичарите го сметаат урду како еден од дијалектите на хинди-урду дијасистемот[25].

Дахини се зборува во регионот декан во јужна Индија. Тој се разликува поради мешавината на зборови со маратски и телугу јазиците како и со арапскиот, персискиот и турскиот јазик. Кога станува збор за изговорот, најлесно се позната кога се изговара буквата "qāf" (ﻕ) како "kh" (ﺥ).

Модерниот урду јазик е форма на јазикот што се зборува околу Делхи и е дијалект што ги изгубил арапските и персиските зборови.

Азбука

БукваИме на азбукаМФА
اalif/ɪ/,/ʊ/,/ɘ/,/ɑ/ во зависност од наредениот знак
بbe/b/
پpe/p/
تte/t̪/ (забно)
ٹṭe/ʈ/ (свиено)
ثse/s/
جjīm/dʒ/
چce/tʃ/
حbaṛī he/h/
خkhe/x/
دdāl/d̪/ (dental)
ڈḍāl/ɖ/ (свиено)
ذzāl/z/
رre/r/
ڑṛe/ɽ/ (свиено вевно)
زze/z/
ژzhe/ʒ/
سsīn/s/
شshīn/ʃ/
صsu'ād/s/
ضzu'ād/z/
طto'e/t/ (забно)
ظzo'e/z/
ع‘ain/ɑ/ по согласка; а подруго како /ʔ/, /ə/ или тивко.
غghain/ɣ/
فfe/f/
قqāf/q/
کkāf/k/
گgāf/g/
لlām/l/
مmīm/m/
نnūn/n/ или носна
وvā'o/v/, /u/, /ʊ/, /o/, /ow/
ہ, ﮩ, ﮨchoṭī he/ɑ/ на крај од зборот, инаку како /h/ или тивка.
ھdo cashmī heпокажува дека претходната согласка е приздивна (/pʰ/, /t̪ʰ/, /ʈʰ/, /tʃʰ/, /kʰ/) или (/bʱ/, /d̪ʱ/, /ɖʱ/, /dʒʱ/, /gʱ/).
ءhamzah/ʔ/ или тивка.
یchoṭī ye/j/, /i/, /e/, /ɛ/
ےbaṛī ye/eː/

Фонологија

ДвоуснениУснено-
забни
Забно-
венечни
СвиениЗаедно-
венечни
Задно-
непчени
РесичниГласилни
Носниmn
Избувниp
b

t̪ʰ

d̪ʱ
ʈ
ʈʰ
ɖ
ɖʱ
k
g
q 
Слеани
tʃʰ

dʒʱ
Струјниfszʃxɣɦ
Вевниɾ(ɽ)
(ɽʱ)
Приближниʋlj
Самогласки

Зборовен фонд

Урду има богат зборовен фонд со потекло од хинди и од јазиците околни на Пакистан, така има зборови со арапско и персиско потекло. Исто така има и мал број на зборови од турско, португалско и англиско потекло. Повеќето позајмени арапски зборови имаат различно значење одошто правилното оригинално значење.

Примери

МакедонскиУрдуТранслитерација
здравоالسلام علیکمassalāmu ‘alaikum
Здраво (возврат)و علیکم السلامwa'alaikum assalām
Догледањеخدا حافظKhuda hāfiz
да (разговорно)ہاںn
да (формално)جی
да (формално)جی ہاں n
не (разговорно)نہ
не (формално)نہیں، جی نہیںnahīn, nahīn
ве моламمہربانیmeharbānī
Ви благодарамشکریہshukrīā
Ве молам влезетеتشریف لائیےtashrīf laīe
Ве молам седнетеتشریف رکھیئےtashrīf rakhīe
Мило ми е што ве сретнавاپ سے مل کر خوشی ہوئیāp se mil kar khushī hūyī
Дали зборувате англиски?کیا اپ انگریزی بولتے ہیں؟kya āp angrezī bolte hain?
Јас не зборуван урду.میں اردو نہیں بولتا/بولتیmain urdū nahīn boltā/boltī
Моето име е ...میرا نام ۔۔۔ ہےmerā nām .... hai
Како до Лахор?لاھور کس طرف ہے؟lāhaur kis taraf hai?
Каде е Лакнау?لکھنؤ کہاں ہے؟Lakhnau kahān hai
Урду е добар јазик.اردو اچھی زبان ہےurdū achchhī zabān hai

Наводи

Надворешни врски

Речници

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица