22 март

датум
<<март>>
НПВСЧПС
0102
03040506070809
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
2024

22 март — 81-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (82-и во престапна година). Остануваат 284 денови до крајот на годината.

Настани:

238 Гордијан I и неговиот син Гордијан II се прогласени за римски цареви.
1312 Папа Климент V го укинува Темпларскиот ред, основан во 1118 година во Палестина.
1822 САД го забранува многуженството.
1879 Софија станува престолнина на новосоздаденото Кнежевство Бугарија.
1919 Унгарија станува советска република
1919 Воспоставена е првата меѓународна авионска линија меѓу Париз и Брисел.
1933 Отворен е концентрациониот логор Дахау.
1935 Персија официјално го променува своето име во Иран.
1943 Сите Евреи од Македонија кои беа собрани од страна на Бугарскиот окупатор во Монополот во Скопје беа транспортирани во логорот на смртта Треблинка, во Полска, во кој по извесно време беа ликвидирани од германските фашисти.
1945 Египет, Ирак, Јордан, Либан и Сирија во Каиро ја формираа Арапската лига.
1983 Хаим Херцог е избран за претседател на Израел.
1995 Космонаутот Валери Полаков се вратил од космосот, поставувајќи нов рекорд- 436 денови.
1996 Македонската академија на науките и уметностите е примена за член на Здружението на европските академиии.
2004 Духовниот водач на палестинското Исламско движење на отпорот (Хамас), шеикот Ахмед Јасин загина при израелски воздушен напад во Газа.
2004 Македонскиот премиер Бранко Црвенковски во Даблин ја предаде апликацијата за членство на Република Македонија во Европската Унија.
2009 Одржан првиот круг од Претседателските избори во Република Македонија.

Родени:

1459 Максимилијан I — германски крал и свет римски цар.
1876 Бора Станковиќ — српски писател.
1887 Чико Маркс — американски глумец.
1912 Карл Малден — американски глумец.
1923 Марсел Марсо — француски глумец.
1928 Вељко Булајиќ — југословенски режисер.
1938 Тришо Стојановски — македонски писател и новинар.
1940 Лилјана Белева — македонски писател.
1941 Бруно Ганц — швајцарски глумец.
1943 Џорџ Бенсон — американски џез-гитарист.
1947 Џејмс Патерсон — американски писател.
1948 Андру Лојд Вебер — британски композитор.
1949 Џон Тошак — велшки фудбалер и тренер.
1950 Горан Бреговиќ — босански и југословенски музичар, член на рок-групата „Бјело Дугме“.
1953 Кенет Рогоф — американски економист и шаховски велемајстор.
1956 Ѓоре Јованоски — македонски фудбалер.
1957 Борис Домагој Билетиќ — хрватски писател.
1958 Жан Виденов — премиер на Бугарија.
1962 Владо Чапљиќ — босански и југословенски фудбалер.
1976 Рис Витерспун — американска глумица.
1978 Нинослав Константиновиќ — еден од учесниците во атентатот врз Зоран Ѓинѓиќ.
1980 Вели Мумин — македонски боксер.
1985 Енрико Гаспарото — италијански велосипедист.
1985 Мухамед Ал Анбар — фудбалер од Саудиска Арабија.
1985 Јакоб Фуглсанг — дански велосипедист.
1988 Жофре Суп — француски велосипедист.
1989 Патрик Винче — германски ракометар.
1989 Бен Кинг — американски велосипедист.
1992 Еди Таварес — зеленортски кошаркар.

Починале:

752 Папа Захаријримски папа од 10 декември 741.
1687 Жан Батист Лили — француски композитор.
1832 Јохан Волфганг Гете — германски писател.
1852 Огист Мармон — француски маршал.
1916 Фердинанд Фелнер — австриски архитект.
1955 Иван Шубашиќ — хрватски политичар и правник.
2001 Вилијам Хана — американски аниматор, продуцент и режисер на цртани филмови.
2004 Ахмед Јасин — водач на Хамас.
2005 Кензо Танге — јапонски архитект.
2006 Пјер Клостерман — истакнат пилот од Втората светска војна.
2019 Скот Вокер — американски музичар и продуцент.
2022 Милован Витезовиќ — српски писател и универзитетски професор.

Празници:

1970 Ден на планетата Земја
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица