6 март

датум
<<март>>
НПВСЧПС
0102
03040506070809
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
2024

6 март — 65-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (66-и во престапна година). Остануваат 300 денови до крајот на годината.

Настани:

1793 Франција ѝ објави војна на Шпанија.
1926 Воспоставен е првиот телефонски разговор преку Атлантикот, помеѓу Лондон и Њујорк.
1962 Во САД е лансирано првото автоматско меѓупланетарно летало „ОСО 1“ (орбитална сончева опсерваторија).
1989 Кина објави вонредна состојба во Тибет по тридневните антикинески немири во јужната планинска провинција.
1993 Силите лојални на ирачкиот претседател Садам Хусеин, според западни извори, во Басра и други градови во јужниот дел на Ирак убија најмалку 400-на учесници на бунтот против централната власт

Родени:

1459 Јакоб Фугер — германски банкар.
1475 Mикеланџело — италијански сликар и вајар.
1875 Морис Равел — француски композитор.
1906 Лу Костело — американски глумец.
1926 Анджеј Вајда — полски филмски режисер.
1937 Валентина Терешкова — советски космонаут.
1944 Кири Те Канава — новозеландска оперска пејачка.
1953 Снежана Савиќ — српска глумица.
1954 Никица Цукров — хрватски и југословенски фудбалер и тренер.
1954 Харалд Шумахер — германски фудбалски голман.
1972 Шекил О'Нил — американски кошаркар.
1973 Грег Остертаг — американски кошаркар.
1977 Јоргос Карагунис — грчки фудбалер.
1979 Тим Хауард — американски фудбалски голман.
1984 Томаш Марчињски — полски велосипедист.
1988 Симон Мињоле — белгиски фудбалер.
1989 Ањешка Радванска — полска тенисерка.
1989 Нелсон Оливеира — португалски велосипедист.
1991 Родриго — шпански фудбалер.
1994 Марко Мамиќ —хрватски ракометар.
1994 Маркус Смарт — американски кошаркар.
1996 Тимо Вернер — германски фудбалер.
1996 Кристијан Коулмен — американски атлетичар.

Починале:

1543 Антонио Алегри Кореџо — италијански сликар, еден од зачетниците на барокното сликарство.
1683 Гварино Гварини — италијански архитект.
1973 Перл Бак — американска писателка.
1999 Стенли Кјубрик — американски филмски режисер.
2013 Алвин Ли — англиски рок-музичар.


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица