4 март

датум
<<март>>
НПВСЧПС
0102
03040506070809
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31
2024

4 март — 63-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (64-и во престапна година). Остануваат 302 денови до крајот на годината.

Настани:

1789 Во Њујорк е свикан првиот Конгрес на САД.
1933 Претседателот на САД, Франклин Делано Рузвелт, под притисок на економската криза ја објавил својата „Нова политика“ (New Deal), чија суштина беше интервенција на капиталистичката држава во нарушениот стопански систем во земјата.
1942 Во Софија, бугарската полиција го уапсила поетот Никола Јонков Вапцаров.
1945 Во Белград бил основан фудбалскиот клуб „Црвена Ѕвезда“.
1945 Во Скопје е одржан првиот слободен црковно-народен собор. Во присуство на над триста делегати, свештеници, претставници на народната власт и на Народниот фронт, делегатите го искажале расположението на македонскиот народ за создавање на Македонска православна црква преку обнова на старата Охридска архиепископија, во 1767 година незаконски укината од турскиот султан Мустафа III, а по барање на Цариградската патријаршија.
1952 Народна Република Кина ги обвини САД дека употребуваат бактериолошко оружје во Корејската војна.
1965 Сирија национализира девет нафтени компании, вклучувајќи две американски нафтени концерни.
1965 Со премиерата на претставата „Богомилска балада“, според романот на Владо Малески, а во режија на Тодорка Кондова, започнал со работа Драмскиот театар во Скопје.

Родени:

1188 Бланка Кастиљска — сопруга на кралот Луј VIII.
1678 Антонио Вивалдивенецијански свештеник и композитор.
1878 Петар Успенски — руски филозоф.
1927 Перо Квргиќ — хрватски глумец.
1934 Александар Митевски — македонски поет.
1935 Бент Ларсен — дански шахист.
1947 Јан Гарбарек — норвешки џез-музичар.
1951 Кени Далглиш — шкотски фудбалер и тренер.
1954 Кетрин О'Хара — американска глумица.
1954 Франсоа Фијон — француски премиер.
1961 Теодосиј Спасов — бугарски џез-музичар.
1962 Мирсад Баљиќ — босански и југословенски фудбалер.
1965 Халед Хосеини — авганистански писател и лекар.
1967 Еван Дандо — американски рок-музичар.
1968 Киријакос Мицотакис — грчки политичар.
1974 Младен Крстаиќ — српски фудбалер и тренер.
1982 Лендон Донован — американски фудбалер.
1983 Зоран Балдовалиев — македонски фудбалер.
1985 Хрвоје Чале — хрватски фудбалер.
1990 Дрејмонд Грин — американски кошаркар.
1992 Бернд Лено — германски фудбалски голман.

Починале:

254 Луциј Iримски папа.
561 Пелагиј I — римски папа.
1193 Саладин — курдски државник и воен водач.
1805 Жан Батист Грез — фрацуски сликар.
1832 Жан Франсоа Шамполион — француски научник.
1852 Николај Васиљевич Гогољ — руски писател, хуморист и сатиричар.
1967 Владан Десница — југословенски писател.
1974 Михаил Тихонравов — советски ракетен стручњак и научник.
1993 Томислав Ивчиќ — хрватски поп-пејач.
1996 Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Гаврил — поглавар на Македонската православна црква.
2002 Велибор Васовиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер.
2008 Семка Соколовиќ - Берток — југословенска глумица.
2019 Лук Пери — американски глумец.
2019 Кит Флинт — британски поп-пејач, член на групата „Продиџи“ (Prodigy).


🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица