Совет за човекови права на Обединетите нации

Советот за човекови права на Обединетите нации (УНХРЦ француски: Conseil des droits de l'homme des Nations unies,[1]) е тело на Обединетите нации чија мисија е да ги промовира и заштити човековите права ширум светот.[2] Советот за човекови права на Обединетите нации има 47 члена избрани за тригодишен мандат на регионална основа.[3] Седиштето на Советот е во Женева, Швајцарија.

Совет за човекови права на Обединетите нации
United Nations Human Rights Council (англиски)
Податотека:United Nations Human Rights Council Logo.svg
КратенкаУНХРЦ
СЧПОН
Основана15 март 2006; пред 18 години (2006-03-15)
ВидПомошен орган
Правен статусActive
СедиштеЖенева, Швајцарија
ШефПретседател
Вацлав Балек
Матична организацијаГенерално собрание на ООН
Мреж. местоwww.ohchr.org
Собата за човекови права и сојуз на цивилизациите е просторија за состаноци на Советот за човекови права на Обединетите нации, во Палатата на народите во Женева.

Советот за човекови права на Обединетите нации ги испитува наводите за кршење на човековите права во земјите-членки на ООН и се осврнува на важни тематски теми за човековите права како што се слободата на здружување и собирање,[4] слобода на изразување,[5] слобода на верување и религија,[6] женски права,[7] ЛГБТ права,[8] и правата на расните и етничките малцинства.[б 1]

Советот за човекови права на Обединетите нации е основан од Генералното собрание на ООН на 15 март 2006 година (со резолуција А / РЕС / 60/251) како замена на Комисијата на ООН за човекови права (УНЦХР) која беше остро критикувана поради дозволувањето земји кои имаат лоши извештаи во врска со почитувањето на човековите права да станат членови.[9]

Структура

Членовите на Генералното собрание ги избираат членовите кои ги пополнуваат 47те седишта на Советот за човекови права. Мандатот на секој член е три години, и со неможност за повеќе од два последователни мандати. Седиштата се дистрибуираат меѓу регионалните групи на ООН на следниот начин: 13 за Африка, 13 за Азија, шест за Источна Европа, осум за Латинска Америка и Карибите и седум за Западна Европа и други групи.[10] Претходната Комисија за човекови права во Обединетите нации имаше 53 членови избрани од страна на Економско-социјалниот совет (ЕКОСОК) со мнозинство од присутните кои гласаат.

Генералното собрание може да ги суспендира правата и привилегиите на кој било член на Советот за кој одлучи дека упорно извршувал грубо и систематско кршење на човековите права за време на мандатот на членство. Процесот на суспензија бара двотретинско мнозинство гласови од страна на Генералното собрание.[11] Во резолуцијата за основање на Советот за човекови права на Обединетите нации се вели дека „при изборот на членови на Советот, земјите-членки ќе го земат предвид придонесот на кандидатите за унапредување и заштита на човековите права и нивните доброволни заложби и обврски преземени за тоа“, и дека „членовите избрани во Советот ги поддржуваат највисоките стандарди во унапредувањето и заштитата на човековите права“.

Седници

Советот за човекови права одржува редовни сесии трипати годишно, во март, јуни и септември.[12]

Советот може во секое време да одлучи да одржи специјална седница за адресирање на повреди на човекови права и вонредни состојби, на барање на една третина од земјите-членки. До денес имало 28 специјални сесии.  

Членови

Советот се состои од 47 члена, избрани на годишно ниво од Генералното собрание за мандат од три години. Членовите се избираат преку основа на правична географска ротација со помош на регионалниот систем за групирање на Обединетите нации . Членовите имаат право на повторен избор за уште еден мандат, по што мора да се откажат од своето место.[13]

Седиштата се дистрибуираат по следниве редови:  

  • 13 за африканската група
  • 13 за групата Азија-Тихоокеанија
  • 6 за источноевропската група
  • 8 за латиноамериканска и карипска група
  • 7 за западноевропската и други групи
TermАфрикански држави (13)Азиско-Тихоокеански држави (13)Источноевропски држави (6)Латино американски и карипски држави (8)Западно европски и останати држави (7)
2020–2022

[14]
 Либија

 Мавританија

 Судан

 Намибија
 Индонезија

 Јапонија

 Маршалови Острови

 Јужна Кореја
 Ерменија

 Полска
 Бразил

 Венецуела
 Германија

 Холандија
2019–2021

[15]
 Буркина Фасо

 Камерун

 Еритреја

 Сомалија

 Того
 Бахреин

 Бангладеш

 Фиџи

 Индија

 Филипини
 Бугарија

 Чешка
 Аргентина

 Бахами

 Уругвај
 Австрија

 Данска

 Италија
2018–2020

[16]
 Ангола

 ДР Конго

 Нигерија

 Сенегал
 Авганистан

 Непал

 Катар

 Пакистан
 Словачка

 Украина
 Чиле

 Мексико

 Перу
 Австралија

 Шпанија
TermАфрикански држави (13)Азиско-тихоокеански држави (13)Источноевропски држави (6)Латино американски и карипски држави (8)Западно европски и останати држави (7)
2017–2019

[17]
 Египет

 Руанда

 ЈАР

 Тунис
 Кина

 Ирак

 Јапонија

 Саудиска Арабија
 Хрватска

 Унгарија
 Бразил

 Куба
 Обединето Кралство

 Соединетите Држави (замина во јуни 2018)

 Исланд (од 13 јули 2018)
2016–2018

[18]
 Бурунди

 Брег на Слоновата Коска

Етиопија

Кенија

 Того
Република Кореја (Јужна Koрeja)

 Киргистан

Монголија

Филипини

 ОАР
 Грузија

 Словенија
 Еквадор

Панама

 Венецуела
 Белгија

 Германија

 Швајцарија
2015–2017

[19]
 Боцвана

 Конго

Гана

Нигерија
 Бангладеш

Индија

 Индонезија

Катар
 Албанија

 Латвија
 Боливија

 Ел Салвадор

 Парагвај
 Холандија

 Португалија
2014–2016

[20]
 Алжир

Мароко

Намибија

 ЈАР
НР Кина

 Малдиви

 Саудиска Арабија

 Viet Nam
 Македонија

 Руска Федерација
 Куба

 Мексико
 Франција

 Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска
2013–2015

[21]
Етиопија

 Брег на Слоновата Коска

 Габон

Кенија

 Сиера Леоне
Јапонија

 Казахстан

Пакистан

Републија Кореја (Јужна)

 ОАР
 Естонија

 Црна Гора
 Аргентина

 Бразил

 Венецуела
 Германија

 Ирска

 Соединетите Држави
2012–2014

[22]
 Бенин

Боцвана

Буркина Фасо

 Конго
Индија

 Индонезија

 Кувајт

Филипини
 Романија

 Чешка
 Чиле

 Костарика

 Перу
 Италија

 Австрија
2011–2013

[23]
 Ангола

 Либија

 Мавританија

 Уганда
Катар

 Малезија

 Малдиви

 Тајланд
 Молдавија

 Полска
 Еквадор

 Гватемала
 Швајцарија

 Шпанија
2010–2012

[24]
 Џибути

 Камерун

 Маврициус

Нигерија

Сенегал
 Бангладеш

НР Кина

 Јордан

 Киргистан

 Саудиска Арабија
 Russian Federation

 Унгарија
 Куба

 Мексико

 Уругвај
 Белгија

 Норвешка

 Соединетите Држави
2009–2011

[25]
 Буркина Фасо

 Габон

Гана

 Замбија
Бахреин

Јапонија

Пакистан

Република Кореја (Јужна)
 Словачка

 Украина
 Аргентина

 Бразил

 Чиле
 Франција

 Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска
2008–2010

[26]
Египет

 Ангола

Мадагаскар

 ЈАР
Индија

 Индонезија

Катар

Филипини
 Босна и Херцеговина

 Словенија
 Боливија

 Никарагва
 Холандија

 Италија
2006–2009

[27]
 Џибути

 Камерун

 Маврициус

Нигерија

Сенегал
 Бангладеш

НР Кина

 Јордан

 Малезија

 Саудиска Арабија
 Азербејџан

 Руска Федерација
 Куба

 Мексико

 Уругвај
 Германија

 Канада

 Швајцарија
2006–2008

 Габон

Гана

 Мали

 Замбија
Јапонија

Пакистан

 Шри Ланка

Република Кореја (Јужна)
 Романија

 Украина
 Бразил

 Гватемала

 Перу
 Франција

 Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска
2006–2007

 Алжир

Мароко

 ЈАР

Тунис
Бахреин

Индија

 Индонезија

Филипини
 Полска

 Чешка
 Аргентина

 Еквадор
 Финска

 Холандија
No.ИмеЗемјаВреме
14Елизабет Тичи-Фислбергер  Австрија1 јануари 2020 година - до денес [28]
13Коли Сек  Сенегал1 јануари 2019 година - 31 декември 2019 година
12Воислав Чук  Словенија1 јануари 2018 година - 31 декември 2018 година
11Хоакин Александер Маза Мартели  Ел Салвадор1 јануари 2017 година - 31 декември 2017 година
10Чои Кионг-лим  Јужна Кореја1 јануари 2016 година - 31 декември 2016 година [29]
9Јоаким Рикер  Германија1 јануари 2015 година - 31 декември 2015 година
8Боделеер Ндонг Ела  Габон1 јануари 2014 година - 31 декември 2014 година
7Ремигиус Хенцел  Полска1 јануари 2013 година - 31 декември 2013 година [30]
6Лора Дупуј Ласер  Уругвај19 јуни 2011 година - 31 декември 2012 година
5Сихасак Фангантекоу  Тајланд19 јуни 2010 година - 18 јуни 2011 година
4Алекс Ван Мејовен  Белгија19 јуни 2009 година - 18 јуни 2010 година [31]
3Мартин Јохогиан Ухомоби Нигерија19 јуни 2008 година - 18 јуни 2009 година
2Дору Ромулус Костеа  Романија19 јуни 2007 година - 18 јуни 2008 година
1Луис Алфонсо де Алба  Мексико19 јуни 2006 година - 18 јуни 2007 година

Директно одговорни супсидијарни тела

Работна група за универзален периодичен преглед

Важна компонента на Советот се состои во периодичен преглед на сите 193 земји-членки на ООН, наречен Универзален периодичен преглед (УПР).[32]

Новиот механизам се заснова на извештаи што доаѓаат од различни извори, од кои едниот е придонес од невладини организации (НВО). Состојбата на секоја земја ќе биде испитана за време на три и полчасовна дебата.[33][34]

Првиот циклус на УПР се случи помеѓу 2008 и 2011 година,[35] вториот циклус помеѓу 2012 и 2016 година,[36] и третиот циклус започна во 2017 година и се очекува да биде завршен во 2021 година.[37]

Резолуција на Генералното собрание за формирање на Советот пропишал „Советот да ја разгледа својата работа и функционирање пет години по формирањето“.[38] Главната работа на прегледот беше преземена од страна на Меѓувладина работна група основана од Советот во неговата Резолуција 12/1 од 1 октомври 2009 година.[39] Прегледот бил финализиран во март 2011 година, со усвојување на „Резултат“ на шеснаесеттата седница на Советот, како анекс на Резолуцијата 16/21.[40]

Белешки

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица