Филдсов медал

математичка награда

Филдсов медал (анг. Fields Medal) — награда што се доделува на двајца, тројца или четворица математичари не постари од 40 години на Меѓународниот конгрес на Меѓународниот математички сојуз (IMU) на секои четири години. Наградата го носи името на канадскиот математичар Џон Чарлс Филдс кој го дал својот имот за финансирање на наградата[1]. Филдсовиот медал се смета за највисоката награда што може да ја добие еден математичар.[2][3] Паричната награда изнесува 15.000 канадски долари.[4][5] Првиот медал е доделен во 1936 г. на финскиот математичар Ларс Алфорс и американскиот математичар Џеси Даглас, а од 1950 почнала да се доделува на секои четири години. Целта на наградата е да се оддаде признание и пружи поддршка помладите математички истражувачи кои имаат важни придонеси во математиката.

Филдсов медал
Мрежно местоhttps://mathunion.org/imu-awards/fields-medal Уреди на Википодатоците


Опачината на медалот

Услови

Филдсовиот медал се смета за „Нобелова награда за математика" заради нејзиниот престиж,[6] иако во секој друг поглед ова важи за поновата Абелова награда. За разлика од Нобеловата награда, Филсовиот медал се доделува на секои четири години наместо секоја година. Медалот има и старосна граница: кандидатите не смеат да имаат 40 години на 1 јануари од годината на доделување на медалот. Поради ова, многу големи математичари ја немаат добиено наградата, бидејќи најважните трудови ги правеле (или биле признаени предоцна во текот на животот. Оваа старосна граница се должи на Филдсовата желба

... иако е признание за нешто веќе сработено, наменета е да ги поттикне добитниците на понатамошни успеси и да им даде уште повеќе елан на останатите.

Паричната награда е многу пониска од онаа на Нобеловата награда (околу 1,5 милиони американски долари). Филдсовиот медал обично се доделува за една целина од трудови, а не за конкретен резултат. Добитниот се заблагодарува со говор пред публиката.

Друга поважна математичка награда е Абеловата награда, која се доделува за животно дело, а паричната награда е многу поголема. Филдсовиот медал пак, е престижен бидејќи изборот на добитници го прави Меѓународниот математички сојуз, која ја претставува светската математичка заедницаy.

Лауреати

ГодинаЗборно место на МКМДобитници[7]
1936 Осло, Норвешка Ларс Алфорс
Џеси Даглас
1950 Кембриџ, САД Лорент Шварц,
Атле Селберг
1954 Амстердам, Холандија Кунихико Кодаира
Жан-Пјер Сер
1958 Единбург, Британија Клаус Рот
Рене Том
1962 Стокхолм, Шведска Ларс Хермандер
Џон Милнор
1966 Москва, СССР Мајкл Атија
Пол Коен
Александар Гротендик
Стивен Смејл
1970 Ница, Франција Алан Бејкер
Хејсуке Хиронака
Сергеј Новиков
Џон Томпсон
1974 Ванкувер, Канада Енрико Бомбјери
Дејвид Мамфорд
1978 Хелсинки, Финска Пјер Делињ,
Чарлс Феферман
Григориј Маргулис
Даниел Квилен
1982 Варшава, Полска Ален Кон
Вилијам Тарстон
Шинг-Тунг Јау[8]
1986 Беркли, САД Сајмон Доналдсон
Герд Фалтингс
Мајкл Фридман
1990 Кјото, Јапонија Владимир Дринфелд,
Вон Џонс
Шигефуми Мори
Едвард Витен
1994 Цирих, Швајцарија Жан Бурген
Пјер-Луј Лион
Жан-Кристоф Јокоз
Ефим Зелманов
1998 Берлин, Германија Ричард Борчердс
Тимоти Гауерс
Максим Концевич
Кертис Мекмален
2002 Пекинг, Кина Лорен Лафорг
Владимир Воеводски
2006 Мадрид, Шпанија Андреј Окоунков
Григориј Перелман (одбил)
Теренс Тао
Венделин Вернер
2010 Хајдерабад, Индија Елон Линденштраус[9]
- Нго Бао Чау[10][11][12]
Станислав Смирнов
Седрик Вилани[13]
2014 Сеул, Јужна Кореја Артур Авила
Манџул Баргава
Мартин Хајрер
Марјам Мирзахани
2018 Рио де Жанеиро, Бразил Кочер Биркар
Акшај Венкатеш
Алесио Фигали
Петер Шолце
2022 Хелсинки, Финска Иго Диминил-Копен
Џун Ха
Џејмс Мејнард
Марина Вјазовска

Поврзано

Наводи

Литература

  • Monastyrsky, Michael (1998). Modern Mathematics in the Light of the Fields Medal. Wellesley, MA: A. K. Peters. ISBN 1568810830.
  • Tropp, Henry S. (1976). „The Origins and History of the Fields Medal“. Historia Mathematica. 3 (2): 167–181. doi:10.1016/0315-0860(76)90033-1..

Надворешни врски

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица