јануари - Монголската армија на чело со Џучи го освојува денешниот град градот Кенеургенч во Туркменистан) и ги масакрира жителите.
февруари - Островот Мерв на Патот на свилата е освоен од страна на монголските сили на чело со Толуј по наредба на Џингис Кан. Современите научници сметаат дека над еден милион луѓе систематски биле убиени.
Султан ел-Камил, син на ел-Адил, кој бил брат на Саладин, го понудил Ерусалим на Крстоносците за десет години во замена за Дамиета, но крстоносците на крајот се откажале, во замена за безбедно повлекување од делот на Нил.
февруари - Во Карион кралот на Кастиља, Фердинанд III, објавува дека има намера да продолжи со „Реконквиста“ против ел-Андалус.[8] Истата година, алмохадскиот калиф Јусуф II ел-Мустансир умира и е наследен од Абу Мухамед ел-Вахид, но во ел-Андалус, двајца претенденти, исто така, ги бараат своите права на престолот. Оваа политичка нестабилност на муслиманската страна му овозможува на кастилискиот принц победоносно да ја започне својата поход во октомври, со освојувањето на Кесада, Шпанија.
Последните муслимански жители се протерани од Сицилија и Малта.
Во Монферато, Вилијам VI го наследил неговиот син Бонифациј II.
Ослободен е Валдемар Дански според соборот во Франкфурт. Според договорот, Валдемар Дански морал да учествува во крстоносниот поход и да го предаде управувањето на кралството.
Епископот на Рига Алберт, од страна на германскиот крал Хенрик, право над Маркгрофовија Летонија и Естонија.
Кралот Луј VIII започнува голема јужна офанзива против Катарите и Грофовија Тулуза. Рамон Беренгер IV ја користи можноста да го потврди својот авторитет над автономните општини на своите територии. Повеќето градови мораат да го прифатат авторитетот на грофот, но Марсеј и Ница се спротивставиле[10]. Луј VIII го освоил Авињон.
Кралот Саншу II Португалски започнува голема офанзива против муслиманите и го зазема градот Елвас[11].
На градот Нанитон му е доделен статус на трговски град од страна на кралот Хенри III.
Во Норвешка, Роберт ја пишува Saga Af Tristram ok Ísodd, една од ретките целосно преживеани верзии на легендата за Тристан и Изолда[12]
Поради стравот од моќта на Ломбардија, Фридрих II, цар на Светото Римско Царство, ги натерал да го обноват својот сојуз како би се одржал мирот според договорот од Констанца. Царот истовремено им ги одзел и нивните привилегии.
Во југоисточнна Индокина, Јаја Парамесвар-Аварман II е крунисан за крал и повторно неговото Кралство Чампа се осамостоило.
Џингис-кан организирал поход за да го казни непослушното вазалско кралство на Тангутите.
Ливонска крстоносна војна: Ливонските браќа на мечот и нивните сојузници на крстоносците го преминуваат морскиот мраз од копното на Естонија и ги поразуваат последните естонски упоришта на Муху и Саремаа. Ова го означува крајот на естонскиот поход во Ливонската крстоносна војна. Данска Естонија и Талин ги добиваат своите градски права.
24 ноември - Убиен е принцот Лешек Белиот, Голем војвода на Полска, за време на собрание на полските властелини во Гонсава.
Новиот папа го присилил на Фридрих II, цар на Светото Римско Царство да го почитува договорот за започнување на крстоносна војна. Царот својот поход го започнал од Бриндизи, но поради голема епидемија тој се вратил, поради што бил екскомунициран.
Во Алмохадскиот калифат починал Абу Мухамад Абд Алах ел-Адил, и бил наследен од страна на ел-Мутасим.
На Јава починал Ангрок, по кое власта ја презел неговиот син Анушапати.
Болдвин II Цариградски станува цар на Латинското Царство, заедно со Јован Бриен како регент.
Трансилванискиот град Регин се споменува за првпат во Повелбата на Андреј II Унгарски.
Шпанија: Кралот Јаков I започнува голема офанзива против муслиманите во Мајорка. Истата година, Мурсија е соочена со зголемување на христијанскиот притисок, а Ибн Худ ел-Јамади ги осудува Алмохадите и ги признава Абасидите како легитимни калифи, кои всушност прогласуваат независност[8]. Други познати христијански успеси: Алфонсо IX Леонски ја освојува Мерида[11].