1250-ти

десетлетие
< 1240-ти1250-ти1260-ти >
1250125112521253125412551256125712581259

1250-ти — деценија според јулијанскиот календар кој започнала на 1 јануари 1250 година и завршила на 31 декември 1259 година.

Настани

1250

  • Светското население се проценува на околу 400 до 416 милиони лица.
  • Светски климатски транзиции од Средновековен топол период до мала ледена доба[1].
  • Февруари - По смртта на Ерик XI Шведски на 2 февруари, Валдемар I Шведски, кој е најстариот син на Биргер Јарл, станува првиот шведски крал од династија Фолкунг.
  • 6 април - Битка кај Фарискур: Луј IX е заробен од муслиманските сили.
  • 30 април - Кралот Луј е ослободен од неговите египетски киднапери, откако плаќа откуп од милион динари.
  • 12 октомври - Голема бура го смени правецот на реката Ротер.
  • 13 декември - Умира Фридрих II, Цар на Светото Римско Царство. По неговата смрт започнува 23-годишен интерегнум. Фридрих II е последниот римски цар од Хоенштауфеновците. По крајот на војната, царството преминува под власта на Хабсбурговците.
  • Ломбардскиот Сојуз се распушта по смртта на Фридрих II.
  • Кралот Алфоно III Португалски го освојува Алгарве од Маврите, со што завршува протерувањето на Маврите од Португалија.
  • Алберт Велики го наоѓа елементот арсен, како осми откриен метал.
  • Основан еУниверзитет Ваљадолид во Шпанија.
  • Мостот Ријалто во Венеција (во денешна Италија) е изграден со дрвена конструкција.
  • Неаполска чума се распространува во градот Неапол.
  • Вилар де Онекурт ја црта првата позната слика на пилана.
  • Започнува собирот во Курултај на повик од Бату-кан во Сибир, како дел од маневрирањето за избор на Монгке-кан, како кан на Монголското Царство во 1251.
  • Мамелуците ја преземаат власта во Египет.
  • Самоа се ослободува од владеењето Царство Тонга.
  • Банкарите од Република Сиена, кои припаѓаат на фирма позната како Гран Тавола, на чело со браќата Бонсињори, стануваат главни финансиери на Папството.
  • Герман III Цариградски е избран за епископ Едрински.

1251

1252

  • 6 април - Свети Петар Веронски е убиен од Карино Балсамо.
  • 15 мај - Папа Инокентиј IV издава ја папската була Ad extirpanda, давајќи дозвола на мачење на кривоверците за време на инквизицијата. Тортурата брзо добива широко распространета употреба во католичка Европа.
  • 1 јуни - Алфонсо X Кастилски е прогласен за крал на Кастиља и Леон.
  • јули - Основан е градот Стокхолм во Шведска.
  • 25 декември - Кристофер I Дански е крунисан за крал на Данска.
  • Основан е градот Клајпеда во Литванија од страна на Тевтонските витези.
  • Градот и манастирот на Орвалската опатија во Белгија се изгорени до темел. Нивната обнова трае 100 години.
  • Тома Аквински заминува во Париз, каде ги продолжува своите студии.
  • Кралот Бела IV ја дава земјата Зек на комитата Винченциу, син на Акадаш.
  • Гертруда Бабенберг се омажува за кнезот Роман Даниловиќ, помал брат на кнезот Лав I Рурикович.
  • Името на паричната единица форинт, како ковани златници се споменува во Фиренца.
  • Основан е Манстирот Морача.
  • Бреда ги добива своите градски права.
  • Клагенфурт ги добива своите градски права.
  • Нортхајм ги добива своите градски права.
  • За првпат се споменува градот Хузум.
  • За првпат се споменува градот Слоним.
  • Ашерслебен станува главен град на Анхалт-Ашерслебен.
  • Завршен е класичниот јапонски текст Jikkunsho.
  • Монголците ја одземаат најзападната провинција на Сунг.

1253

  • 28 април - Ничирен, јапонски будистички монах, ја објавува својата намера да ја проповеда „Lotus Sutra“ и „Namu Myōhō Renge Kyō“.
  • мај - Кралот Луј IX го испраќа Вилхелм де Рубрук од Цариград, на мисионерско патување за прифаќање на христијанството на Татарите од централна и источна Азија. Подоцна истата година, Вилхелм ја запишува првата средба меѓу европските христијани и будисти.
  • 18 јануари - Анри I Кипарски умира и е наследен како крал од неговиот новороден син Хју II Кипарски.
  • Јули - Вилијам II, гроф од Холандија, ја поразува војската на Фландрија во Весткапеле.
  • 6 јули - Миндовг е крунисан како единствен крал на Литванија.
  • 6 август - Експедиција од кралот Хенри III до Гасконија за да се спречи евентуалната инвазија од Кралство Кастиља[2]. Симон Монфортски се враќа од Гаскоњ во Англија, каде што се сојузува со бароните кои му се спротивставуваат на Хенри[3].
  • Октомври - Папа Иннокентиј IV се враќа во Рим, откако заминал 9 години порано во 1244 за да го отстрани Фридрих II од престолот.
  • Отфрлајќи ги вооружените сили на Конрад IV, Папа Инокентиј ја нуди Сицилија на Едмунд, син на кралот Хенри III.
  • Серија поморски војни започнува помеѓу италијанските град-држави Џенова и Венеција, кои ќе продолжат до 1371.
  • Хенри III се состанува со англиски благородници и црковни водачи за да ја потврди валидноста на Големата повелба.
  • Галиција-Волинија станува вазална држава на Монголското Царство.
  • Матеј Париски го комплетира најголемиот дел од неговата „Chronica Majora“, хроника на англиската историја.
  • Изградена е опатијата во Слајго е изграден во Слајго, Ирска.
  • Изградена е Domus Conversorum, зграда и институција во Лондон за Евреите кои го прифатиле христијанството.
  • Раниеро Зено станува дужд на Венеција.
  • За првпат се споменува градот Аренсфелде.
  • За првпат се споменува градот Браунлаге.
  • Свендборг ги добива своите градски права.
  • Монголското Царство започна напади врз муслиманските градови Багдад и Каиро.
  • Монголското Царство го уништува Кралство Дали во денешен Јунан, и го вклучува регионот во составот на нивното царство.
  • Кублај Хан го претставува „baisha xiyue“.
  • Монголското Царство го поразува Тајланд.

1254

1255

1256

1257

  • Вулканот Самалас еруптира на островот Ломбок, Индонезија, една од најголемите вулкански ерупции во изминатите 10.000 години. Ерупцијата создаде тешки климатски промени низ целиот свет кои доведоа до сериоен глад и смрт. Водејќи на една од најголемите геополитички промени низ целиот свет во текот на следните неколку векови[6][7].
  • Роберт де Сорбон го основа колеџот кој подоцна ќе прерасне во денешниот универзитет во Париз.
  • Метју Париз, англиски историчар, лично го интервјуира кралот Хенри III една недела, при составувањето на неговата Chronica Majora.
  • Кралот Хенри III нарачува производство на англиска монета од дваесет пени од чисто злато.
  • Втората војна помеѓу Џенова и Венеција во Остромер, позната како Војна на Свети Сабас.
  • Градот Краков е повторно изграден од Болеслав V Полски откако бил скоро уништен во Татарите во 1241.
  • Владислав Ополски го основа манастирот во градот на Воџислав Слонски.
  • Ерата на јапонската Коген завршува и започнува ерата Сеика.
  • Монголците го земаат Даи Виет (Виетнам).
  • Замокот Ламбсар во Персија е уништен од страна на монголците.
  • Основана е Абердинската Гимназија во Шкотска.
  • Започнува Епирско-никејскиа војна.
  • Константин Асен станува цар на Бугарија.
  • За првпат се споменува градот Риметеа.
  • За првпат се споменува градот Лангенбернсдорф.
  • За првпат се споменува градот Нојенфелде.

1258

  • 10 февруари - Опсадата на Багдад завршува со победа на монголските сили на чело со Хулагу-кан. По освојувањето на градот, биле убиени околу 1.000.000 граѓани, градот бил срушен заедно со т.н. Куќа на мудроста.
  • 11 мај - Договорот од Корбеј е потпишан помеѓу Јаков I и Луј IX. Францускиот крал, како наследник на Карло Велики, формално се откажува од феудалното владеење над Каталонија (независен де факто од 988), додека кралот Арагонски се откажува од своите територии за Окситанија.
  • 25 јуни - Војна на Свети Сабас: Во Битка кај Ако, Венецијанците ги поразуваат на џеновскиоте сили.
  • 25 август - Георгиј Музалон, регент на Никејското Царство, е убиен како дел од заговор предводен од благородници, на чело со идниот цар Михаил VIII Палеолог.
  • Кореја се предава на Монголското Царство.
  • Ливелин ап Грифид се прогласува себеси за Принц од Велс. Тој е последниот владетел на независен Велс, пред неговото освојување од страна на Англичаните.
  • Кралот Хенри III е принуден од седум моќни барони да ги прифати „Одредбите од Оксфорд“.
  • Златна Орда ја освојува Литванија.
  • Завршува Војната на наследството на Евбеја
  • Во Џенова, Републиката започнува да наметнува принудени заеми на своите даночни обврзници[8]

1259

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица