Азербејџански јазик

Азербејџански, или именуван како азерски, а понекогаш и како азерски турски[1][2] или само турски[3][4]туркиски јазик кој е мајчин јазик на Азерите. Јазикот е службен во современата држава Азербејџан, како и во руската република Дагестан. Најголемиот број говорници на азербејџански се наоѓаат во Иран, но таму нема никаков службен стгатус. Покрај тоа, јазикот се зборува и меѓу азерската дијаспора во Грузија, Турција и останатите држави.

Азербејџански јазик
Азерски јазик
Azərbaycan dili, آذربایجان دیلی, Азәрбајҹан дили
Изговор/ɑzærbɑjdʒɑn dili/
Застапен во
ПодрачјеАзербејџан, Кавказ
НародАзери
Говорници26 милиони  (2007)e18
Јазично семејство
туркиски
  • општотуркиски
    • огуски
      • западноогуски
        • азербејџански јазик
Писмо
Статус
Службен во Азербејџан
 Русија
Регулативен органАзербејџанска Национална Академија на Науките
Јазични кодови
ISO 639-1az
ISO 639-2aze
ISO 639-3aze — опсежен код
Поединечни кодови:
azj — северноазербејџански
azb — јужноазербејџански
slq — селџучки
qxq — кашкајски
Linguasphereдел од 44-AAB-a
{{{mapalt}}}
Азербејџански јазик
  региони каде јазикот е мнозински
  региони каде јазикот е видливо малцински

Азербејџанскиот е дел од групата на огуски јазици. Јазикот се дели на северноазербејџански (кој се зборува во Азербејџан и Русија) и јужноазербејџански (кој се зборува во Иран. Азербејџанскиот е многу сличен и сроден со турскиот, туркменскиот, кашкајскиот и кримскотатарскиот јазик. Овие јазици се меѓусебно разбирливи.[5]

Потекло на поимот

Азерите го именуваат јазикот како турки (Türki)[6] што во превод значи „турски“ или азербејџански турски (Azərbaycan Türkcəsi). Понекогаш од одреден круг на научници се користи терминот истанбулски турски за современиот јазик во Турција.

Во периодот од 1945/ 1946 година Азербејџанската Народна Влада која управувала со Ирански Азербејџан, азербејџанскиот јазик во Иран официјално го именувала како „турски “. Во 1992 и 1993 година, кога се основала современата држава Азербејџан, официјално јазикот го именувала како „турски “. Но по 1994 година властите почнале да го користат терминот „азербејџански јазик“, кој патем бил користен за време на СССР.

Гласовен систем

Самогласки

Самогласки
преднизадни
незаобленизаобленинезаобленизаоблени
затворениiyɯu
средниeøo
отворениæɑ

Шема на азербејџански самогласки:[7]

Согласки

Согласки во современиот азербејџански јазик
БилабијалниЛабијално-
дентални
ДенталниАлвеоларниПост-
алвеоларни
НепчаниМеконепчениГлотални
Експлозивни и
африкати
pbtdʧʤcɟkɡ
Носниmn
Фрикатиfvszʃʒxɣh
Апроксимантниlj
Тапниɾ

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица