1270-ти

десетлетие
< 1260-ти1270-ти1280-ти >
1270127112721273127412751276127712781279

1270-ти — деценија според јулијанскиот календар кој започнала на 1 јануари 1270 година и завршила на 31 декември 1279 година.

Настани

1270

  • 16 февруари - Ливонска крстоносна војна - Битка кај Карусе: Големо Војводство Литванија го поразува Ливонскиот ред на замрзната површина на Балтичко Море.
  • Пред август - Кралот Луј IX го започнува Осмиот крстоносен напад, во обид да ги врати крстоносните држави од Мамелуците.
  • 10 август - Јекуно Амлак ја соборува етиопската династија Загај и ја воспоставува Соломонската династија, која траела до 1974 година.
  • 25 август - Кралот Луј IX умира додека го опседнува градот Тунис, најверојатно поради слабата вода за пиење.
  • 1 септември - Кралот Стефан V ја пишува својата antiquum castellum.
  • 30 октомври - Опсадата на Тунис и Осмиот крстоносна војна завршува со договор меѓу братот на Луј IX и Мухамед I ел-Мустаншир, калиф на Тунис.
  • Стариот град Ашкелон е окупиран од Крстоносците, а крајно уништен од Мамелуците, оставајќи ја локацијата пуста, а градот никогаш да не биде повторно изграден.
  • Градот Тебриз, во денешен Иран, е главен град на монголскиот Илханат (приближен датум).
  • Независната држава Куч е основана во денешна Индија.
  • Пописот на кинескиот град Хангџоу утврдува дека во него живеат околу 186,330 семејства, не вклучувајќи ги и посетителите и војниците.
  • „Summa Theologica“, дело на Тома Аквински кое се смета во рамките на Римокатоличката црква да биде главен израз на неговата теологија, е завршено (година е неизвесна).
  • Изградбата на Старата синагога во Прага е завршена.

1271

1272

1273

1274

  • 1 мај - Во Фиренца, деветгодишниот Данте Алигиери за првпат ја запознава осумгодишната Беатриче.
  • 7 мај - Втор Лионски собор од страна на Римокатоличката црква за ослободување на Светата земја преку објавување на нова крстоносна војна. Советот на крајот го одобрува десетокот како данок, за да ги поддржи напорите за ослободување на Светата земја од муслиманите.
  • 2 август
    • Кралот Едвард I се враќа од Деветтата крстоносна војна во Англија, за да биде крунисан за крал, 2 години по смртта на неговиот татко Хенри III.
    • Неговиот привремен канцелар и делотворен регент, Валтер де Мертон се пензионира од кралската служба, за да ги направи конечните ревизии на неговите статути за основање на Мертон колеџот во Оксфорд и да заземе функција на епископ на Рочестер.
    • Еден од првите акти на Едвард е да се спроведе декрет, кој бара сите англиски евреи да носат жолта ѕвезда.
  • 20 ноември - Јуан на Кублај-кан извршува неуспешна инвазија во Јапонија.
  • Маринидскиот емир, Абу Јусуф Јакуб ибн Абд ел-Хак влегува мирно во Сеута, ставајќи крај на околу четириесет години независност на градот[2].
  • Ничирен, заминува во егзил.
  • Папа Григориј X укажува дека папската конклава (состаноци во кои гласачите немаат контакт со надворешноста) треба да се користи за папски избори.
  • Јосиф бен Аврам Гикатила го пишува делото Ginnat Egoz.
  • Бонвесин де ла Рива ја пишува дидактичко-алегоричната поема „Libro de le tre scritture“.

1275

  • март - 200.000 монголска армија се соочуваат со кинеска династија Сунг со сила од 130.000 војници. Јуен на крај победува.
  • 4 март - Кинескиот астроном го набљудува целосното затемнување на Сонцето во Кина.
  • 22 април - Првиот Статут од Вестминстер го донесува англискиот Парламент, воведувајќи серија закони во своите 51 клаузули, вклучувајќи и еднаков третман на богатите и сиромашните, слободни и фер избори.
  • 14 јуни - Битката кај Хова: Валдемар I Биргерсон е поразен од неговиот брат Магнус III Шведки.
  • 22 јули - Магнус е избран за нов крал на Шведска.
  • 8 октомври - Битка кај Роналдсвеј: Шкотските сили го освојуваат островот Ман.
  • 27 октомври - Флорис V Холандски, го ослободува градот Амстердам од даноци.
  • Силите на династија Мариниди го освојуваат градот Алжир[3].
  • Јуен го освојува градот Суџоу.
  • Марко Поло наводно го посетува Ксанаду.
  • Градот Куенминг станува главен град на Јуен.
  • Несторијанскиот монах Рабан Бар Саума го започнува своето поклонение од Кина кон Ерусалим.
  • Елеанора Монтфортска е заробена од морнари на Едвард I.
  • Монголската Златна Орда извршува напади во Литванија по третпат.
  • Започнува Војна за кравата.

1276

1277

1278

  • Јануари - Карло I Анжујски е крунисан за Крал на Ерусалим, и е признаен од бароните на Ако[4].
  • 1 мај - Умира Вилијам II Вилерден, Ахајско Кнежевство. Според условите на договорот од Витербо, неговите земји минуваат под директна контрола на Карло I Анжујски.
  • 5 август - Кралот Алфонсо X Кастилски започнува со Опсадата на Алхесирас (во тоа време под контрола на Мароко). Тој ќе биде принуден да ја повлече опсадата по околу една година подоцна.
  • 26 август - Битка на Моравско Поле: кралевите Рудолф I и Ладислав IV Унгарски го поразуваат кралот Отокар II. Со крајот на битката, завршува и борбата за власт меѓу Рудолф и Отакар во врска со судбината на Средна Европа, по кое династијата на Рудолф продолжува да владее со Австрија и другите освоени територии, до крајот на Првата светска војна во 1918 година.
  • 29 септември - Петар III Арагонски го освојува муслиманското упориште на Монтеса, ставајќи крај на двегодишниот бунт. Поразените муслимани се протерани од царството и заминуваат во егзил[7].
  • Независноста, границите и политичката структура на Андора се договорени од каталонскиот епископ на Ургел и грофот на Фоа.
  • Завршува т.н. Војна на кравата.
  • Едикт на Папата Никола III според кој се бара од сите Евреи да присуствуваат на проповеди за прифаќање на христијанството.
  • Направена е најраната позната пишана копија од „Авеста“, колекција на древни свети персиски зороастриски текстови.

Наводи

🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица