Се верува (најповеќе под влијание на руската и полската историографија)[7] дека името Украина доаѓа од старословенскиот поим украина што значи „гранична област“ или „крајина“[8]. Поимот може често да се сретне во Источнословенските хроники од 1187 година.[9] Поимот украини (множина) се користел и за Големото московско кнежевство како и за Големото литванско кнежевство. Во XVI и XVII век, овој поим се користел за земјите кои граничеле со номадскиот свет (Кримско ханство).
Многу современи украински историчари поимот „у-краина" го преведуваат како "во-земја", "татковина" или "наша-земја".[10] Овој превод е во согласност со оригиналното значење на предлогот „у-“ во украинскиот јазик и именката „країна“ - „краина“.[11] При што треба да се разликува значењето на „гранична земја“ (украина vs. окраина)[10] кое неконзистентно се презема од бројни научни извори, често од неукраинско потекло,[9] додека преводот како "гранична земја" добро се усогласува со традиционалното значење во рускиот јазик на „у-“ и „краина“.[12]
Со 603.700 км2 Украина е 44. земја по големина во светот и прва на европскиот континент, сметајќи ги само земјите кои се протегаат целосно во Европа.
Пејзажот на Украина е составен од плодни низини и платоа. Во Украина има големи реки како на пример Днепар, Северски Донец, Днестар и јужен Бух. На југот на земјата делтата на Дунав ја образува границата помеѓу Украина и Романија. Истакнати планински масиви во земјата се Карпатите на запад и Кримските планини на југ. Највисок врв е Говерла со 2.061 м.
Климата во Украина е континентална, додека на југот се забележува и умерена средоземна клима.
Украина е република со мешан полупретседателски и полупарламентарен систем со посебна законодавна, извршна и судска власт. Претседателот се избира за мандат од пет години на претседателски избори и е на чело на државата.
Законодавната власт на Украина е во рацете на еднодомното собрание кој има 450 пратенички места и се нарекува Врховна рада. Собранието е одговорно за создавање на закони и како дел од тоа е и кабинетот на министри со премиерот на чело на истиот.
Највисока институција од судската власт во Украина е Уставниот суд, кој има моќ да поништи одредени закони ако не се во согласност со украинскиот Устав.
Украина е унитарна држава со унифициран правен и административен режим.
Украина е поделена на 24 региони и 1 автономна република. Киев и Севастопол имаат специјален статус. Областите и автономна републиката се поделени на преку 400 региони со просечна големина на регионите од 1.200 км2 и со просечно население од 52.000 жители.
Украина има преку 400 градови од кои над 150 се поголеми, а преку 200 се паланки.
За време на советската ера, економијата на Украина била втора најголема економија во СССР. Таа била важен индустриски и земјоделски центар. Со падот на СССР земјата почнала да се трансформира во пазарна економија. Владата на Украина започнала со имплементирање на нови закони и нова монетарна политика.
Во 2007 година, БНП на Украина бил рангиран на 29 место со 359.9 милијарди долари. БНП по глава на жител во 2008 бил 7.800, додека номиналниот БНП бил 198 милијарди долари.
Украинците сочинуваат 77,8% од вкупно население во Украина. Најбројни национални малцинства се Русите (17,3%) по кои следат Русините (0,9%; иако «Русините» се сметаа за посебна етничка група за време на пописот во 2001 година, украинските власти официјално не го признаваат ниту руcинскиот народ како етничка припадност ниту руcинскиот јазик како посебен јазик, туку украинскиот наречје). Од останатите малцинства најбројни се Романците и Молдавците (0,8%), Белорусите (0,6%) и Бугарите (0,4%). До окупацијата на Крим од Русија, Кримските Татари сочинувале 0,5% од населението. Тој број е значително намален поради тоа што највеќето од нив живеат на тој полуостров.
Службен јазик во Украина е украинскиот јазик.[13] Во август 2022 година, истражувањето во Украина од страна на Групацијата Рејтинг покажа дека украинскиот јазик се смета за мајчин јазик од 76% од населението, а 85% го зборуваат дома. Рускиот јазик е широко распространет и го зборуваат најмалку 30% од населението.[14]
Околу 50,44% од населението на Украина се приврзаници на Украинската православна црква, околу 8% се католици, 7% приврзаници на Автокефалната украинска црква, 2% на Римокатоличката црква, околу 2% протестанти, 0,63% Евреи, 0,5% муслимани и
Верници во Украина
Православни
50,44 %
Гркокатолици
8 %
Афтокефална Црква
7 %
Католици
2 %
Протестанти
2 %
Муслимани
0,5 %
Евреи
0,6 %
Други или Нерегиозени
20 %
Во текот на својата рана историја, Украина била населена со пагански племиња кои ја практикувале својата религија. Кон крајот на првиот милениум во земјата бил воведен византискиот ритуал. Се претпоставува дека апостол Андреј бил оној кој прв дошол на овие простории да ја проповеда новатарелигија. Јудаизмот на просторите на денешна Украина бил присутен пред повеќе од 2000 години, кога еврејските трговци патувале заедно до грчките колонии. Од XIII век еврејското присуство во Украина значително се зголемило. Подоцна во Украина бил основан и Хасидизмот. Муслиманската религија во Украина се појавила во времето на Златната орда и Отоманското Царство. Кримските Татари го прифатиле исламот во времето на Златната Орда, а подоцна станале вазали на Отоманското Царство. Во времето кога била била создадена Украинска ССР и земјата била во составот на СССР, атеистичкиот режим придонел за прогонување на голем број на христијански свештеници. Голем број на цркви биле или рушени или затварени.