Википедија:Избрана статија/2010

Гласање за избрана статија

Како да гласам за овој предлог?


Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} (За ), {{против}} (Против ) или {{воздржан}} (Воздржан ), како и свое мислење преку {{коментар}} (Коментар ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.

Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.

Седмица 53, 27.12.2010 - 2.1.2011

Фердинанд I (1861-1948) бил кнез и цар на Бугарија. Тој бил познат и како ботаничар, ентомолог и филателист.

Тој бил син на принцот Август Сакскобургготски и на принцезата Клементина Бурбонско-Орлеанска, ќерка на последниот француски крал Луј-Филип. По падот на Стефан Стамболов и Мелничкото востание кнезот Фердинанд бил признаен за законит владетел. На 14 февруари 1896 година во Софија бил миропомазан бугарскиот престолонаследник, а потоа уследило признавање на Фердинанд од Русија и западноевропските држави. На 22 септември 1908 во црквата Свети Четириесет маченици се одржала грандиозна верска свеченост на која била прогласена независноста на Бугарија, а Фердинанд I бил прогласен за „Цар на Бугарите“ со што била возобновена титулата од Првото и Второто Бугарско Царство. На крајот од Првата светска војна, Фердинанд знаел каков ќе биде односот на сојузничките сили и ги надитрил сите за не им овозможи срамно да биде соборен. На 3 октомври 1908 г. абдицирал во корист на својот најстар син Борис.

Остатокот од животот го поминал во прогонство, живеејќи во градот Кобург во Германија. Патувал и низ Јужна Америка и источна Африка, а се обидувал и да се врати во Бугарија, но неговиот син, Борис, тоа никогаш не му го дозволил. (Дознајте повеќе...)


Седмица 52, 20.12.2010 - 26.12.2010

Хосе Раул Капабланка (1888-1942) бил кубански шаховски велемајстор, шаховски автор и дипломат, кој бил третиот светски првак во шах.

Капабланка бил еден од најсилните шахисти во светот во периодот од 1910-тите до 1930-тите, победувајќи на многу турнири, а по победата во мечот против Емануел Ласкер во 1921 година станал светски првак. Во периодот на најголема слава се стекнал со прекарот „шаховска машина“, подеднакво добро играјќи ги партиите во фазите на средишницата и завршницата, практично без да направи грешка. Во официјалните партии на врвно ниво, одиграни по 1909 година, Капабланка добил 34 партии, а од 1916 до 1924 година останал непобеден.

Во 1951 година, во Куба започнала со издавање серија од седум поштенски марки, посветени на триесетгодишнината од победата на Капабланка во мечот за светски првак. Марки со ликот на Капабланка биле издадени и во Бенин, Гвинеја-Бисао, Камбоџа, Лаос, Мозамбик, Таџикистан, Чад и на Британските Девствени Острови. Од 1962 година, речиси секоја година во Куба се одржува меморијален турнир во чест на Капабланка. (Дознајте повеќе...)


Седмица 51, 13.12.2010 - 19.12.2010

Московски Кремљ (руски: Московский Кремль) — историски комплекс кој се наоѓа во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули.

Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денес комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Русија.

Во текот на своето постоење, Московскиот Кремљ доживеал голем број на реконструкции. Изгледот на тврдината на неколку пати бил менуван. Секоја ера од историјата на Русија и владетелите кои управувале со него, оставале своја трага во изградбата и развојот на градот. Најголеми заслуги за развојот и опстојувањето на Московскиот Кремљ им се препишува на: Иван III Василевич, Катерина Велика и Николај I. (Дознајте повеќе...)


Седмица 50, 6.12.2010 - 12.12.2010

Флуорирање на водата — контролирано додавање флуориди во водата за пиење со цел да се намали расипувањето на забите. Флуорираната вода содржи флуориди на ниво, кое ќе биде делотворно за заштита од кариес; таа може да настане по природен пат или со додавање флуориди. Флуорираната вода влијае на површината на забите, односно во устата образува ниски нивоа на флуориди во плунката, со што се намалува степенот со кој глеѓта ги намалува минералните состојки и го зголемува степенот за повторно создавање минерални состојки во раната фаза на кариесот. Најчесто во водата за пиење се додава смеса од флуориди, постапка која во САД просечно чини околу 0,92 долари по човек годишно. Дефлуоридацијата е потребна доколку природното ниво флуориди ги надминува препорачаните граници. Комисија од стручњаци на Светската здравствена организација во 1994 година предложила ниво на флуориди од 0,5 до 1.0 мг/л (милиграм во литар), зависно од климата. Водата во шишиња најчесто има непознато количество флуориди, а некои вградени филтри за вода отстрануваат дел од флуоридите или сите флуориди.

Забниот кариес во повеќето развиени земји претставува најголема грижа за јавното здравје и опфаќа 60-90% од учениците и голем дел од возрасните, а неговото лекување општеството го чини многу повеќе отколку лекувањето на која било друга болест. Флуоридирањето на водата штити од кариес како кај децата така и кај возрасните. Проценките од истражувања покажале дека со флуоридација на водата може да го намали кариесот од 18-40% кај деца кои користат таква вода и кои веќе имаат пристап до паста за заби и други извори на флуориди. Иако флуорирањето на водата може да предизвика флуороза на забите, која може да го промени изгледот на забите во развој, сепак најчесто таа е слаба и не се смета за естетски или здравствен проблем. Не постои јасен доказ за други непосакувани последици. Истражувањата со умерен квалитет ја истражувале делотворноста; најголем дел од истражувањата за несакани последици биле со низок квалитет. (Дознајте повеќе...)


Седмица 49, 29.11.2010 - 5.12.2010

Синдромот на стекнат имунолошки дефицит е болест која претставува последен стадиум на ХИВ вирусот кој се одликува со прогресивно слабеење на имунолошкиот систем со што пациентите се подложени на голем број инфекции и тумори. Сидата е акроним на францускиот назив за синдром на стекнат имунолошки дефицит (фран. Syndrome d'immunodéficience acquise), а AIDS потекнува од англискиот назив Acquired Immunodeficiency Syndrome.

Постои разлика помеѓу поимите - ХИВ позитивно лице и лице болно од СИДА. Тоа се две поврзани но различни работи кои често погрешно се поистоветуваат. ХИВ позитивното лице е заразено од ХИВ вирусот што не значи дека има сида. До појавата на болеста може да помине период од две до десет години. ХИВ позитивно лице може да изгледа потполно здраво, способна за физичка работа или било која друга активност.

Вирусот најчесто се пренесува преку полов однос, а има случаи каде што е пренесен преку доаѓање во контакт со заразена крв, преку заразена мајка во текот на бременоста(каде што вирусот се пренесува на детето), преку доење на дете од страна на заразена мајка, пораѓање итн. Вирусот не може да биде пренесен преку секојдневните социјални контакти, ниту преку животни. Со цел за превенција, во многу земји ширум светот се спроведуваат различни активности во едукацијата на луѓето за начинот на пренесување на вирусот и мерките кои се преземаат за да не би дошло до инфекција.Засега не постои лек или вакцина кои загарантирано можат да го излечат вирусот. Сепак, антиретровиралните лекови можат да го продолжат периодот на траење на инфекцијата пред нејзиното мутирање во фаза на сида. (Дознајте повеќе...)


Седмица 48, 22.11.2010 - 28.11.2010
Илустрација на семејно насилство врз дете и жена, дело на Жан Игнас Исидор Жерар.
Илустрација на семејно насилство врз дете и жена, дело на Жан Игнас Исидор Жерар.

Семејното насилство се појавува кога одреден член на семејството, партнер или поранешен партнер, физички или психички се обидува да доминира врз другиот. Семејното насилство често се однесува на насилство меѓу брачните другари или малтретирање на брачниот другар, но исто така може да вклучува партнери кои живеат вонбрачно и интимни партнери кои не се во брак. Семејното насилство се појавува во сите култури; луѓе од сите раси, етнички групи, религии, полови и класи можат да бидат извршители на семејно насилство. Семејното насилство се извршува и од мажи и од жени.

Има многу видови семејно насилство, меѓу кои најзастапени се физичкото насилство, сексуалното злоупотребување, емоционалното малтретирање, заплашувањето, економско лишување и насилнички закани. Насилството може да биде кривично и вклучува физички напад, како што се тепањето, туркањете или малтретирање, сексуално злоупотребување, како што се несаканата или присилената сексуална активност, и скришно следење на жртвата. Иако емоционалното, психолошкото и финансиското малтретирање не се кривични однесувања во некои правни системи, тие се форми на малтретирање и може да водат кон кривично насилство.

Важен составен дел на семејното насилство кој е често игнориран е доменот на пасивното малтретирање, кој води кон насилство. Неодамнешното внимание кон семејното насилство започнало со „движењето на жените“, особено феминизмот и правата на жените, во 1970-тите, кога се здобило со внимание загриженоста за жените кои се тепани од нивните мажи. Сознанието и документацијата за семејно насилство се разликува од земја до земја. Проценките кажуваат дека само третина од случаите на семејно насилство се пријавени во САД и Велика Британија. (Дознајте повеќе...)

Седмица 47, 15.11.2010 - 21.11.2010
Дијалектите на летонскиот јазик.
Дијалектите на летонскиот јазик.

Латвискиот јазик (latviešu valoda) или именуван и како летонски јазик е источнобалтички јазик и официјален јазик во Летонија. Летонскиот јазик го зборуваат околу 1,4 милиони Летонци во Летонија и околу 150.000 Летонци во дијаспората. Овој јазик има голем број говорници на кои летонскиот не им е мајчин јазик, ситуација која не е типична за помалите јазици во светот. Од малцинските заедници во Летонија, кои вкупно бројат околу 924.000 жители, само 30% го зборуваат јазикот. Летонскиот јазик е сроден со литванскиот јазик и се во иста јазична група, но сепак не се меѓусебно разбирливи.

Летонскиот е нефлексивен јазик со неколку аналитички форми, три дијалекти и германско синтаксичко влијание. Јазикот има само два граматички рода. Секоја именка се деклинира во седум падежи: номинатив, генитив, датив, акузатив, инструментал, локатив и вокатив. Официјално писмо на јазикот е летонската азбука, која е заснована на латиницата, со одредени модификации според летонскиот фонетски систем.

Летонскиот јазик е дел од групата на балтички јазици. Според досегашните истражувања, по периодот на праиндоевропскиот јазик, се формирала група на балто-словенски јазици, кои пак се поделиле на две посебни групи во 10 век п.н.е. Како и да е, и покрај постоењето на многу архаични форми во балтичките јазици, денес не е сосема јасно како настанала балтичката група и со кои јазици била првично поврзана. (Дознајте повеќе...)


Седмица 46, 8.11.2010 - 14.11.2010
Окупациски зони во Македонија за време на Првата балканска војна, кои биле воедно и подрачја за дејствување на соодветните пропаганди.
Окупациски зони во Македонија за време на Првата балканска војна, кои биле воедно и подрачја за дејствување на соодветните пропаганди.

Странските пропаганди на територијата на Македонија продреле како резултат на тешка и комплицирана ситуација на Македонија и Отоманската империја, кои дополнитело го попречувале национално-конститутивниот процес на Македонците. Во Македонија активно дејствувале повеќе пропаганди, како што се грчката, бугарската, српската, романската, католичката и протестантската пропаганда. Првите три пропаганди имале исклучиво асимилаторски карактер, додека останатите биле поставени врз верска основа, но со политички цели и треба да се истакне дека последните две пропаганди не дејствувале ретроградно врз македонскиот национален индивидуалитет.

Главни задачи на бугарската, грчката и српската пропаганда во Македонија биле да се придобијат што повеќе т.н. „национални приврзаници“ кои би се искористиле како „внатрешни сојузници“ и оправдувачки фактор за територијалните претензии на балканските држави кои ги имале кон Македонија. Овие пропаганди воглавно дејствувале преку црквите, училиштата и хуманитарните институции. На црковен план се дејствувало преку одржување на постојните цркви, но и преку подигнување нови верски објекти, преку создавање на црковен кадар и верска литература. На просветен план се дејствувало преку одржување и подигнување нови училишта, финансиска издршка на учителите и директорите, стипендии и пансиони за учениците и студентите, како и соодветна литература која не била на македонски јазик. На хуманитарен план најчесто се дејствувало преку болниците. Покрај овие мерки пропагандите се користеле и со закани до населението, обвиненија и клевети на населението дека се бунтовници, потоа преку користење на рушвети или поткуп на турските власти. Треба да се истакне дека пропагандата била ширена и преку употреба на сила и дејствување на вооружени чети. Вакавата вооружена пропаганда особено се засилила по Илинденското востание. (Дознајте повеќе...)


Седмица 45, 1.11.2010 - 7.11.2010

Леонард Ојлер (1707–1783) бил швајцарски математичар и физичар, еден од пронаоѓачите на чистата математика. Не само што носел одлучни и формални придонеси во предметите како геометрија, калкулус, механика и теорија на броеви, туку и развил методи за решавање на проблеми во набљудувачката астрономија и демонстрирал корисни употреби на математика во технологијата и во јавниот живот.

Математичката способност на Ојлер ја заслужил онаа на Јохан Бернули, еден од првите математичари во Европа во тоа време, како и на неговите синови Даниел и Николас. Во 1727 се сели во Петроград каде што се вклучува во Академијата на науки во 1733 го надминува Даниел Бернули на полето на математиката.

Ојлер се смета за ненадминат математичар на 18 век и еден од најдобрите на сите времиња. Тој е исто така еден од најпродуктивните: неговите собрани дела исполнуваат 60-80 четвороделни тома. Има направено многу важни откритија во различни полиња, како што се алгебрата и графичката теорија. Исто така го воведува најголемиот дел од модерната математичка терминологија и нотација, особено во делот на математичката анализа, како на пример нотацијата за математичка функција. (Дознајте повеќе...)


Седмица 44, 25.10.2010 - 31.10.2010
Кралскиот грб на Камбоџа.
Кралскиот грб на Камбоџа.

Камбоџа, официјално Кралство Камбоџа ( - Preăh Réachéanachâkr Kâmpŭchea) или позната по старото име Кампучија е држава во Југоисточна Азија. Камбоџа се граничи со Тајланд на запад и северозапад, со Лаос на север и со Виетнам на исток, додека на југ излегува на Тајландскиот Залив. Главен град на Камбоџа е Пном Пен и официјален јазик во државата е кмерскиот јазик. Вкупната површина на Камбоџа изнесува 181.035 km2 каде живеат околу 14.805.000 жители.

Камбоџа е уставна монархија каде на чело на државата се наоѓа кралот Нородом Сихамони. Покрај тоа што Пном Пен е главен град на државата, тој е и најголем политички, трговски, индустриски и културен центар во државата. Градот Сием Реап се наоѓа во близина на Ангкор Ват и често се смета за капија на ангкорскиот регион. Сием Реап, заедно со Ангкор Ват се главните турситички дестинации во државата. Покрај овие два града, во Камбоџа се значајни и градовите Батамбанг, кој е познат по производството на ориз и Сиханоуквил, кој е значаен пристаништен центар.

Камбоџа е воглавно населена од етнички Кмери, кои понекогаш се нарекуваат и Камбоџанци. Поголем дел од населението на Камбоџа се следбеници на будизмот. Покрај Кмерите, во Камбоџа живеат и мали заедници на Чами, Кинези и Виетнамци.

Земјоделството во Камбоџа од секогаш било главен економски сектор, каде околу 59% од населението опстојуваат од земјоделството и земјоделското производство, воглавно ориз. Покрај земјоделството, значајни економски сектори се и градежништвото и туризмот. Во 2005 година во Камбоџа биле пронајдени резерви на нафта и природен гас, што, ако профункционира, би значело голем успех и развој за камбоџанската економија. (Дознајте повеќе...)


Седмица 43, 18.10.2010 - 24.10.2010
Најголемата црква во Лешочкиот манастир
Најголемата црква во Лешочкиот манастир

Лешочки манастирправославен манастирски комплекс, кој претставува најголем духовен центар во Тетовско. Манастирот е сместен во природен амбиент во близина на селото Лешок, на надморска височина од 610 метри. Во комплексот се наоѓаат црквите „Св. Атанасиј“ и „Св. Богородица“, како и гробот и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ кој е еден од најпознатите македонски преродбеници од XIX век.

Во манастирските конаци има параклис посветен на светите Кирил и Методиј, додека надвор од манастрискиот комплекс има стара црква посветена на Атанасиј Александриски т.н. Стар Манастир. Манастирот за прв пат е основан во 1321 година од страна на Епископот Полошки Антониј. Комплетното заживување кое е видливо и денес се должи на доаѓањето на Пејчиновиќ од Света Гора, во 1818 година, кога се обновени манастирските конаци и кога е основана манастирската библиотека. Во тоа време Лешок прераснал во книжевен и просветен центар. Манастирските конаци денес се реновирани, располагаат со сместувачки капацитети и особено се погодни за летен манастирски туризам.

Манастирот досега е двапати уриван. Прв пат во 1690 година Турците го разурнале целиот комплекс со се црквите. Втор пат манастирот го кренале во воздух албанските терористи за време на конфликтот во 2001 година. (Дознајте повеќе...)


Седмица 42, 11.10.2010 - 17.10.2010

Земјата е една од осумте планети во Сончевиот Систем. Таа е трета земја по оддалеченост од Сонцето и најголема планета со цврста површина, за разлика од гасовитите „џинови”. Планетата земја има еден природен сателит, Месечината, и засега е единствената позната планета на која има живот.

Во геологијата преовладува мислењето дека земјата е стара околу 4,6 милијарди години, што е потврдено со одредувањето на времето на полураспаѓање на ураниумот и ториумот. Времето на полураспаѓање на U238 е 4,51 x 109, а Th232 е 1,39 x 1010 години.

Земјата има и магнетно поле кое, заедно со атмосферата, ја штити од зрачење (штетна по живите суштества кои ја населуваат земјата). Атмосферата, исто така служи и како штит за одбивање на помалите метеори, кои поминувајќи низ неa согоруваат пред да стигнат до земјената површина.

Почнувајќи од 1970 година, на 22 април секоја година се празнува Денот на планетата Земја. (Дознајте повеќе...)


Седмица 41, 03.10.2010 - 10.10.2010

Шаховската олимпијада е меѓународно шаховско натпреварување, кое се одржува под покровителство на ФИДЕ. На натпреварувањето може да учествуваат машки и женски репрезентации од земји, кои се членки на ФИДЕ.

Турнирот се одржува на секои две години, а бројот на земји-учеснички не е ограничен. Градот-домаќин се одредува на седница на ФИДЕ. На еден турнир се одвиваат натпреварите во машка и натпреварите во женска конкуренција, а вообичаено се организираат и додатни настани, чија главна цел е популаризација на шахот.

Првата официјална шаховска олимпијада се одржала во 1927 година во Лондон, а сè до 1939 година, натпреварувањето било наречено „турнир на нациите“. Во овој период, турнирот не бил одржуван редоследно. Од 1950 година, настанот се одржува на секои две години.

Победничкиот пехар во машка конкуренција е познат и како „Хамилтон-Раселов пехар“ и е посветен на англискиот мецена Фредерик Хамилтон Расел, а се доделува уште од 1927 година. Во женска конкуренција, победничкиот пехар е наречен „Менчиков пехар“, во чест на првата светска првенка, Вера Менчик.

Досега се одржани 38 шаховски олимпијади, а најмногу победи во обете конкуренции има репрезентацијата на Советскиот Сојуз, 18 во машка и 11 во женска конкуренција. (Дознајте повеќе...)


Седмица 40, 27.09.2010. - 03.10.2010

Виена (германски: Wien) е главниот град на Република Австрија и една од деветте сојузни покраини на државата. Виена е главен на Австрија, со население од 1,7 милиони (2,3 милиони во метрополитенската област, повеќе од 25% од населението на Австрија), моментално е најголемиот град во државата и нејзин културен, економски и политички центар. Градот е десетти по големина во Европската Унија. Виена е домаќин на голем број меѓународни организации како на пример: ООН, ОПЕК и др. Виена се наоѓа во источна Австрија блиску до Словачка, Чешка и Унгарија. Овие региони соработуваат заедно во централниоевропскиот граничен регион. Поради нејзината близина со Братислава, заедно образуваат метрополитански регион со население од 3 милиони луѓе. Во 2001 год. центарот на градот стана дел од Светското наследство на УНЕСКО. Во објективни студии од 2005 година, од 127 светски градови, градот заедно со Ванкувер го дели првото место, односно е град со најдобар квалитет на животот. Аналитички, градот бил рангиран на прво место според културата и иновациите во 2007 и 2008, а на второ место глобално во 2009, според анкетирани 256 граѓани на анализа која содржела 162 индикатори поврзани со културата, инфраструктурата и маркетите. (Дознајте повеќе...)


Седмица 39, 20.09.2010. - 26.09.2010
Грб на СССР.
Грб на СССР.

Сојузот на Советските Социјалистички Републики (руски: Союз Советских Социалистических Республик) е поранешна уставна социјалистичка држава која се наоѓала на територијата на Евроазија и опстојувала во периодот од 1922 до 1991 година. Земјата е позната и како Советски Сојуз. Советскиот Сојуз претставувал федерација од 15 автономни републики, а Руската СФСР била главна и доминантна. Руската Советска република често пати во Западна Европа била нарекувана само како Русија или Советска Русија.

Идејата за создавањето на Советскиот Сојуз се појавила уште во времето на Првата светска војна, кога Руската Империја се распаднала како резултат на Руската револуција. По хаотичниот период, кој е познат како руска граѓанска војна, Владимир Илич Ленин, болшевик, успеал да ја добил власта над поголемиот дел од Руската Империја. По неговата смрт, моќта на земјата отишла кај Јосиф Сталин кој преку своите методи и реформи ја спровел индустријализацијата на земјата. Во текот на своето постоење, земјата често пати водела агресивна и експанзионистичка надворешната политика чија политика водела до чести војни. По војните со Полска, Финска и балтичките земји помеѓу 1939-1940, Советскиот Сојуз во 1940 година бил нападнат од страна на Нацистичка Германија и покрај тоа што двете земји претходно биле договорени околу поделбата на Полска.

По четири години војна, Советскиот Сојуз се јавила како една од најголемите светски сили во светот, стопирајќи го напредокот на Германија и принудувајќи ја на пораз. По крајот на војната, во делови од Источна Европа биле воведени комунистички режими под притисок на СССР. Освен тоа, по крајот на Втората светска војна, започнал периодот кој во историјата е познат како период на Студена војна, односно војна на политичка превласт во светот помеѓу СССР и комунистичките земји од една страна и САД и западот од друга страна. Во текот на 1980 година станало јасно дека СССР ја изгубила војната со САД, и кога во 1985 година на чело на земјата дошол Михаил Горбачов, уште еднаш било потврдено дека во земјата се потребни реформи. (Дознајте повеќе...)


Седмица 38, 13.09.2010. - 19.09.2010
Богот на сонцето, симбол на Инките.
Богот на сонцето, симбол на Инките.

Инките, односно цивилизацијата на Инките започнува да постои како мала група во регионот околу градот Куско, каде легендарниот Сапа Инка, Манко Капак го создал Кралството Куско во 1200 година. Под водство на наследниците на Манко Капак, државата на Инките се зголемила и ги приклучила околните андски заедници. Во 1442 година Инките започнале да ги прошируваат границите на својата држава под водство на Сапа Инка Пачакути. Тој ја основал Империјата на Инките или Тавантинсују (Tawantinsuyu), која прераснала во најголема империја во Америка до периодот на европската колонизација.

Империјата била поделена за време на граѓанската војна, кога веќе навлегле шпанските сили на тлото на Јужна Америка и тоа било период на политичка криза во Тавантинсују. Имено, за време на оваа војна се спротивставиле браќата Хуаскар и Атахуалпа, членови на кралското семејство кои се сметале за легални наследници за престолот. Во 1533 година, шпанскиот колонизатор Франсиско Писаро ја искористил оваа ситуација и освоил голем дел од територијата на Инките. Во наредните години, колонизаторите ја освоиле скоро целата територија на Инките. Империјата на Инките била сосема уништена со основањето на Вицекралството Перу во 1542. Подоцна следело ослободително движење на Инките кое завршило со неуспех во 1573 година. Денес, културата и традицијата на Инките ја продолжуваат Кечуанците и Ајмарите кои живеат во Перу, Боливија и Еквадор. (Дознајте повеќе...)


Седмица 37, 06.09.2010. - 12.09.2010

Кошарката е тимски спорт во кој пет играчи од два различни тима се обидуваат да постигнат што повеќе поени преку давање кош, односно преку уфрлување на топката низ хоризонтално поставен обрач на височина од 3 метри. Од едната страна на теренот до другата, топката се преносува преку тапкање и подавање на останатите членови на тимот.

Во 1891, Канаѓанецот Џејмс Најсмит ја измислил играта кошарка, со 7 правила од кои 6 сè уште се користат. Најсмит бил важен пропонент за развитокот на женскатa кошарка и за раширувањето на играта низ Северна Америка. Двете најсилни кошаркарски лиги во светот се европската Евролига и северноамериканската Национална Кошаркарска Асоцијација. Кошарката е распространета на сите континенти и е најбрзорастечкиот спорт во светот. Во Македонија, најсилната кошаркарска лига е Македонската Прва Лига.

До поен во кошарката се доаѓа преку фрлање на топката во обрачот на кошот. Екипата која на крајот од натпреварот ќе добие повеќе поени е победник. Кошот постигнат во лакот вреди 2 поени, кошот постигнат надвор од лакот 3 поени, а кошот од слободни фрлања носи по 1 поен. Топката во кошарката се управува со нејзино удирање од подот, односно водење, или пак преку меѓусебно додавање меѓу играчите. Телесни контакти ко можат да ги повредат играчите не се дозволени. Постојат строго одредени правила и начини спрема кои топката може да се води.

Со тек на времето кошарката ги развила вообичаените техники за шутирање, додавање и водење, како и позициите на играчите кога се во напад и во одбрана. Иако вообичаената кошарка се одвива под строго одредени правила, разни варијации на кошарката направила таа да биди со сè помалку правила. Во кошарката има разни стилови на шутеви, од кои најпознат е ударот хорок. (Дознајте повеќе...)


Седмица 36, 30.08.2010. - 05.09.2010
Ацтечки календар.
Ацтечки календар.

Ацтеки е поим кој се користи за некои етнички групи од централно Мексико, односно оние групи кои зборуваат наватлски јазик. Од 12 век, долината на Мексико претставувало јадро на Ацтечката цивилизација. Таму се наоѓала и престолнината на Ацтеките, Теночтитлан. Денешниот град, Мексико, се наоѓа врз некогашниот Теночтитлан.

Ацтеките се староседелски американски народ кој претежно живее во Мексико. Голем број од денешните Ацтеки се со католичка вероисповед, но има и такви кои го сочувале своето традиционално верување во повеќе богови. Вкупниот број на Ацтеки во светот е 1.652.000.

Во својот врвен расцут, ацтечката култура била богата со митолошки и религиозни традиции, како и со забележителни архитектурни градби и уметнички дела. Особено традиционален елемент од ацтечката култура е принесувањето на човечки жртви. Во 1521 година, со шпанската колонизација на Америка, Ернан Кортес, заедно со голем број на локални сојузници го освоиле Тенохтитлан и ја поразиле Ацтечката Империја која тогаш била под раководство на Монтезума II. (Дознајте повеќе...)


Седмица 35, 23.08.2010. - 29.08.2010

Математичката константа π (наречена „Лудолфов број“) е ирационален реален број со приближна вредност од 3,14159. Таа бројка го претставува односот на периметарот на еден круг со неговиот пречник во Евклидовата геометрија. Бројот π се употребува највеќе во математиката, физиката и инженерството, но се користи и во другите науки. Бројот е исто така познат и како Архимедова константа (што не е исто со Архимедов број) и како Лудолфов број (по германскиот математичар Лудолф ван Цојлен кој го пресметувал на многу децимали). Архимедовата константа се изразувала со дропката 227.

Името на грчката буква π е пи и овој запис се користи во типографски содржини каде што грчката буква не е достапна или каде што нејзината употреба би била проблематична. Константата се нарекува «π» бидејќи е првата буква од грчките зборови περιφέρεια (периферија) и περίμετρος (периметар). (Дознајте повеќе...)


Седмица 34, 16.08.2010. - 22.08.2010
Внатрешноста на Базиликата.
Внатрешноста на Базиликата.

Папска базилика Свети Петар (латински: Basilica Papale Sancti Petri) или само како Базилика Свети Петар (Basilica Sancti Petri) — базилика која се наоѓа во Ватикан. Базиликата е посветена на апостол Петар и е најголемиот христијански храм во светот, кој може да собере и до 60.000 верници. Базиликата претставува „мајка-црква“ на Римокатоличката црква и се смета за едно од најсветите христијански места во светот. Во христијанскиот свет, таа е опишана како седиште на сите цркви и како најголема од сите цркви во христијанството. Според католичкото верување, во базиликата е погребан апостол Свети Петар, еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос, и според традицијата тој се смета за прв епископ на Рим, односно во подоцнжената традиција и прв папа на Римокатоличката црква.

Според христијанските верувања, во базиликата се наоѓа Гробот на Свети Петар, непосредно пред олтарот во базиликата. Поради оваа причина, многу од папите биле погребувани на тоа место уште од времето на раното христијанство. Првата градба на црквата била изградена во текот на 4 век, односно во времето на Константин Велики. Целосната реконструкција и скоро целиот денешен изглед, базиликата го добила во периодот од 18 април 1506 до 18 ноември 1626 година. (Дознајте повеќе...)


Седмица 33, 09.08.2010. - 15.08.2010
Марија Магдалена.
Марија Магдалена.

Марија Магдалена или Марија Магдала во апокрифите од Новиот завет и во Новиот завет е опишана како една од најважните женски личности во животот и мисионерството на Исус Христос. Марија Магдалена била доследна следбеничка на делото на Исус Христос во времето на неговиот живот и по него. Таа во движењето можеби станала позната во последните денови на Исус, патувајќи заедно со него и Апостолите. Според сите Четири Евангелија, Марија Магдалена била првиот сведок на Воскресението Христово.

Марија Магдалена е наведена и во ранохристијанските списи како „апостол на апостолите“. Во апокрифните текстови, таа е опишана како визионер и лидер на Исусовото движење, која била сакана од Исус повеќе од сите други ученици. Во текот на истотијата, па и во модерно време се појавиле различни шпекулации или тврдења во врска со Марија Магдалена, вклучувајќи ги и тврдењата дека таа му била сопруга на Исус, па дури и дека била проститутка.

Марија Магдалена од страна на Римокатоличката црква, од Православната црква и од Англиканската црква се смета за светец. Нејзиниот празник се чествува на 22 јули. Таа исто така се чествува и од страна на Лутеранската црква.

Од Рим, Марија Магдалена се вратила во Ефес кај апостол Јован на кој му помогнала во проповедта на евангелието. Моштите на Света Магдалена биле пренесени во Цариград. Блиску до Гетсиманската градина во Ерусалим, денешен Израел, била изградена Црква „Марија Магдалена“ посветена на оваа светица. (Дознајте повеќе...)


Седмица 32, 02.08.2010. - 08.08.2010
Суматрански носорог.
Суматрански носорог.

Суматранскиот носорог (латински: Dicerorhinus sumatrensis) е член на фамилијата Носорози и е еден од петте преживеани видови на носорози. Овој вид е најмалиот носорог со висина на рамениците од 120 до 140 сантиметри, должина од 250 сантиметри и тежина од 500 до 800 килограми. Како и африканските видови на носорози, така и овој вид има два рога. Предниот рог е поголем и најчесто е со должина од 15 до 25 сантиметри, додека другиот рог претставува само никулец. Телото на овој носорог е прекриено со црвенкасто-кафеаво крзно.

Единките од овој вид во минатото биле распространети во мочуриштата, дождовните и облачните шуми во Индија, Бутан, Бангладеш, Мјанмар, Лаос, Тајланд, Малезија, Индонезија и Кина (во југозападниот дел од Кина, поточно во Сечуан). Овие животни се критично загрозени бидејќи има само шест значајни популации во дивината: четири во Суматра, една во Борнео и една на Малајскиот Полуостров. Многу е тешко да се процени нивната точна бројка бидејќи Суматранскиот носорог е самотно животно кое се движи на големи пространства. Сепак според некои проценки, бројката се движи околу 300 единки. Намалување на популациите најмногу се должи на ловокрадството, бидејќи нивните рогови се доста ценети во традиционалната кинеска медицина. На црниот пазар достигнуваат цена од 30.000 американски долари за еден килограм коска. Закана претставува и загубата на природното живеалиште, односно унишување на шумите за содавање земјоделски површини. (Дознајте повеќе...)


Седмица 31, 26.07.2010. - 01.08.2010
Знаме на Сан Марино.
Знаме на Сан Марино.

Сан Марино (италијански: San Marino) или официјално Република Сан Марино (Serenissima Repubblica di San Marino) е држава на Апенинскиот Полуостров во јужниот дел на Европа. Сан Марино е држава без излез на море и е енклава во Италија, односно целосно е опколена со италијанска територија. Вкупната површина на Сан Марино изнесува 61 километар квадратен и има население од околу 30.000 жители. Главениот град на државата го носи истото име, односно град Сан Марино. Државата е една од најмалите независни држави во Европа и Сан Марино има најмалку жители од сите членки на Советот на Европа.

Сан Марино тврди дека е најстара документирана независна уставна република во светот. Независноста на Сан Марино започнала со основање на манастирска заедница предводена од Свети Марин на 3 септември 301 година. Марин го напуштил Раб, тогашна римска покраина на Арба, во 257 година кога тогашниот иден император Диоклецијан издал декрет за реконструкција на градските ѕидини на Римини кои претходно биле уништени од лубурниските пирати.

Уставот на Сан Марино е усвоен во 1600 година и е најстар устав кој е сè уште валиден. Економијата на државата воглавно зависи од туризмот. Поради малобројноста на населението, Сан Марино е една од најбогатите држави во светот според БНП по глава на жител. Економскиот статус на Сан Марино се смета за доста стабилен, без национални задолжувања и буџетски недостатоци. (Дознајте повеќе...)


Седмица 30, 19.07.2010. - 25.07.2010

Отоманската Империја била мулти-етничка држава што постоела во периодот од 1299 до 1922 година, кога била создадена денешната турска република. Таа е една од најголемите империи што било кога постоеле на бреговите на Средоземното Море. Во својот зенит, таа се простирала на териториите на Анадолија, Блискиот Исток, делови од Северна Африка и Југоисточна Европа. Била основана од туркиското племе Огузи во западна Анадолија од страна на Осман I - основач на Отоманската династија која владеела во текот на целото постоење на Империјата. Владетелите на империјата до 1383 година се нарекувале бегови, кога Мурат I се самопрогласил за султан. Отоманското Царство во многу аспекти се смета за исламски наследник на Источната Римска Империја, бидејќи по Падот на Цариград во 1453 година престанала да постои Византиското Царство.

Отоманската Империја своето име го добила по својот основач, првиот султан Осман I. На турски јазик, Осман се вика Отоман (Uthmān) од каде доаѓа и името на Отоманската Империја. Во дипломатијата, многу често била нарекувана и Висока Порта или само Порта, кое води потекло од францускиот превод за зборот Баб'и'али (турски: Bâb-i-âlî) кое значи “висока капија“, според интегрирањето на империјата од Европа во Азија. Дознајте повеќе...


Седмица 29, 12.07.2010. - 18.07.2010

Чакра (потекнува од санскритскиот cakraṃ चक्रं; кинески: 轮, тибетски: འཁོར་ལོ་; „khorlo“) е санскритски збор кој се преведува како „тркало“ или „вртење“.

Чакра е концепт кој се однесува на тркалезните витли за кои, според традиционалната индиска медицина, се верува дека постојат на површината на етеричниот двојник на човекот. Чакрите се познати како „центри на силата” или спирали со енергија кои се креваат од точка на физичкото тело, како слоеви на енергетско тело во облик на лепеза (лепезите обликуваат љубовно срце). Вртечките витли на енергетската материја, се појдовните точки за примање и пренесување на енергија. Се смета дека постојат седум големи чакри или енергетски центри (исто така познати како тркала на светлина) во енергетското тело.

Чакрите најчесто се претставуваат на два начина, во форма на цвет и во форма на тркало. Во првиот вид, одреден број на ливчиња се наоѓаат околу периметарот на круг. Во вториот, одреден број на полупречници го делат кругот на делови со што чакрата добива изглед на тркало или чакра. Секоја чакра има одреден број на делови или ливчиња.

Голем дел од оригиналното учење за Чакрите, потекнува од Упанишадите, за кои е тешко да се сретнат во одреден период бидејќи за нив се смета дека се пренесувани усно околу илјадници години пред да бидат запишани за прв пат во периодот од 1200 до 900 г.п.н.е. (Дознајте повеќе...)


Седмица 28, 05.07.2010. - 11.07.2010

Египетска митологија (или египетска религија) опфаќа различни религиозни верувања и ритуали кои се практикувале во древен Египет, од преддинастичкиот период, па сè до прифаќањето на христијанството. Не постоела една единствена религија во древниот Египет, туку тоа биле различни локални култови посветени на конкретни божества. Повеќето од нив биле фокусирани на обожување на едно божество, иако го прифаќале постоењето и на други божества, па оттаму египетската религија често се смета за политеистичка. Постојат и кратки периоди во кои владеел монотеизмот.

Првите митови зборуваат дека на почетокот универзумот бил исполнет со прастарите води на хаосот, а тоа е богот Нун. Богот Ре-Атум се појавил од водата, како што земјата на Египет се појавува секоја година после поплавите на Нил. Ре-Атум плукнал, и од тоа излегле божествата Шу (воздух) и Тефнут (влажност). Светот е создаден кога Шу и Тефнут ги родиле двете деца: Нут (небото) и Геб (земјата). Луѓето се создадени кога Шу и Тефнут тргнале да се шетаат по темната пустелија и се изгубиле. Ре-Атум го испратил своето око за да ги најде. Откако биле пронајдени, неговите солзи радосници се претвориле во луѓе. Повеќе...


Седмица 27, 28.06.2010. - 04.07.2010
Станислав Лем, писател, филозоф, футуролог и теоретичар на научна фантастика
Станислав Лем, писател, филозоф, футуролог и теоретичар на научна фантастика

Станислав Лем (Лавов, 12 септември 1921Краков, 27 март 2006) бил полски писател, сатиричар, философ и футуролог. Тој е еден од најпознатите писатели и теоретичари на научна фантастика и најпреведуваниот полски писател. Делата му се преведени на 41 јазик и продадени во над 27 милиони примероци и со тоа е најпреведуваниот автор на научна фантастика од едно неанглиско говорно подрачје. Во нив средишно место имаат философските теми, односно рефлексиите за технологијата, за природата на интелигенцијата, за неможноста од меѓусебна комуникација и разбирање, како и длабокиот песимизам поради ограничувањата што произлегуваат од природата на човекот и од неговото место во вселената. Иако неколку специфични теми се појавуваат во сите негови дела, опусот на Лем може да се подели на два главни циклуси. Првиот вклучува донекаде традиционална научна фантастика каде што како мотиви се јавуваат технолошкиот напредок, патувањето во вселената и туѓинските светови, какви што се „Еден“ (1959; Eden), „Враќање од ѕвездите“ (1961; Powrót z gwiazd), „Соларис“ (1961; Solaris), „Непобедливиот“ (1964; Niezwyciężony), „Гласот на господарот“ (1968; Głos pana) и „Сказни за пилотот Пиркс“ (1968; Opowieści o pilocie Pirxie). Вториот циклус го сочинуваат мрачни алегориски раскази или сказни какви што се „Ѕвездени дневници“ (1957; Dzienniki gwiazdowe), „Сеќавања пронајдени в када“ (1961; Pamiętnik znaleziony w wannie) и „Киберијада“ (1965; Cyberiada).

Седмица 26, 21.06.2010. - 27.06.2010

Будимпешта (унгарски: Budapest) е главен град на Република Унгарија и нејзин основен политички, културен, трговски, индустриски и транспортен центар. Во 2009 година, во Будимпешта бројот на населението изнесувал 1.712.210, што е пад од средината на 1980-тите, кога тоа било 2,1 милиони луѓе. Градот зафаќа површина 525 км². Будимпешта станал единствен град кој ги зафаќа двата брега на Дунав со спојувањето од 17 ноември 1873 година на десниот (западен) брег Буда и Обуда и левиот (источен) брег Пешта. Аквинкум (Aquincum) кој претставува келтскa колонија е директниот наследник на Будимпешта, станувајќи главен град на на римската провинција Долна Панонија. Унгарците дошле на територијата на Будимпешта во IX век. Нивната прва колонија била уништена од Монголите во 1241-42 година. Обновениот град станал центар на ренесансно-хуманистичката култура во XV век. По Мохачката битка во 1526 година и приближно по 150 години отоманско владеење, со развојот на регионот во XVIII и XIX век, по обединувањето од 1873, Будимпешта станува глобална метропола. Градот станал втор главен град на Австроунгарија, голема сила која што се распаднала во 1918 година. Будимпешта претставувала жариште на Унгарската револуција од 1848, Унгарската Советска Република формирана во 1919, Битката за Будимпешта во 1945 и Револуцијата во 1956 година. (Дознајте повеќе...)


Седмица 25, 14.06.2010. - 20.06.2010

Урбанизмот е дисциплина која се занимава со решавање на задачите од областа на планирањето и уредувањето на населените места. Етимолошкиот корен на зборот урбанизам доаѓа од латинскиот збор urbs (македонски: град).

Главни задачи на Урбанизмот се создавање и одржување на ред и структура во населените места, како и обезбедување на систематски и координиран развој. Задачите на урбанизмот опфаќаат сложен комплекс од социјални, економски, инженерски, архитектонски, правни и проблеми поврзани со животната средина.

Како цели на урбанизмот можат да се набројат создавањето на ред во населените места, реконструирањето на делови од градот кои се нефункционални, создавање на еднакви возможности, стимулирање на развој и економски подем, зголемувањето на нивото на пристап (поврзување на инфраструктура и јавен транспорт со важни институции и јазли во урбаните места), создавање на компактни населби, зголемувањето на продуктивноста и ефикасноста на населените места, спречувањето на неконтролиран развој преку користење на контролни механизми.

Основни компоненти на урбанизмот како наука се планирање на просторот и уредување на просторот. (Дознајте повеќе...)


Седмица 24, 07.06.2010. - 13.06.2010

Григор Прличев бил поет, преведувач, беседник, хроничар, прозаист, просветител, народен деец, борец, јазикознаец и еден од најголемите творечки гении од Македонија во 19 век. Автор е на неколу дела, меѓу кои Сердарот, Скендербег, Автобиографија, препев на Хомеровата Илијада и многу други. На 25 март 1860 година, Григор С. Прличев со поемата Сердарот, ја однел првата награда за најдобра поема на традиционалниот книжевен конкурс што се одржувал секоја година во Атина. Тој станал овенчан поет и бил наречен Втор Хомер, подвиг кој дотогаш никој не го направил.

Првата писменост ја добил од својот дедо и од него го научил да чите грчко писмо. Грчкото писмо, култура, јазик и просвета од тогаш ќе бидаат повеќе од четврт век постојано присутни во животот на Прличев и под нивно влијание се равил како интелектуална и поетска личност.

Надевајќи се дека ќе најде поприште за своите литературни амбиции, после 1870 година Прличев го свртел своето внимание кон Цариград и кон тогашните бугарски весници и списанија, затоа што во Македонија во тоа време не постоеле книжевни центри, ниту можност за книжевна дејност. (Дознајте повеќе...)


Седмица 23, 31.05.2010. - 06.05.2010
Разгледница од Братислава.
Разгледница од Братислава.

Братислава (словачки: Bratislava) е главен град на Словачка и со 429.000 жители е најголемиот град во републиката. Братислава се наоѓа во југозападниот дел од државата на двата брега на реката Дунав. Поради неговата местоположба и блискоста со австриската и унгарската граница, тој е единствениот град во светот кој граничи со две независни држави. Братислава и Виена се едни од најблиските главни градови во Европа кои се оддалечени нешто помалку од 60 километри.

Братислава е политички, културен и економски центар на Словачка. Градот е седиште на словачкиот претседател, словачкото собрание и словачката влада. Исто така во Братислава се наоѓаат неколку универзитети, музеи, театри, галерии и останати значајни културни и економски институции. Голем дел од словачките претпријатија и финансиски институции се наоѓаат токму во главниот град.

Низ историјата градот долго време бил познат под германското име Пресбург и самата историја била под влијание на различни народи како на пример од Германците, Чесите, Унгарците, Словаците или Евреите. Градот бил главен град на Унгарското кралство како дел од поголемата Хабсбуршка монархија во периодот од 1536 до 1783 г. и Братислава била дом на голем број истакнати словачки, унгарски и германски историски личности. (Дознајте повеќе...)


Седмица 22, 24.05.2010. - 30.05.2010

Салса музиката е различен, пред сè кубанско – карипски жанр, популарен низ латинска Америка и меѓу Латинците, кој се стекнал со меѓународна слава преку кубанските и порториканските музичари. Салсата вклучува многубројни стилови и варијанти. Терминот се употребува за опишување на речиси секоја форма на популарен жанр кој води потекло од Куба или Порторико, како што се ча ча ча (chachachá) и сон (Son). Сепак, салсата се однесува на одреден стил, развиен во 1960-тите и 1970-тите години од страна на Порториканци и Кубанци кои имигрирале во областа на Њујорк. Салсата се однесува и на неговите подоцнежни стилски потомци меѓу кои се вбројуваат салса романтика (salsa romantica) како и други подвидови. Овој стил сега се вежба низ латинска Америка и пошироко. Најблизу до салсата се кубанските сон и мамбо, кое се одликуваат со оркестар од раниот 20. век, како и латин џез (Latin jazz). Термините латин џез и салса понекогаш се употребуваат меѓусебно заменливо; многу музичари, особено изведувачите од пред 1970-тите се сметаат како дел од едниот (како Тито Пуенте, Еди Палмиери, Реј Барето меѓу другите) или пак како дел од двата правци.

Според стилот, салсата има кубанско потекло. иако поседува и стилови помешани со поп, џез, рок и р’н’б. Салсата е првичната музика која се свирела по латино клубовите и според Ед Моралес го претставува „суштинскиот пулс на латино музиката“. Музичарот Питер Мануел пак ја именува како „најпознатиот танц (музика) меѓу порториканските и кубанските заедници (и во) средна и јужна Америка“ и како „еден од најдинамичните и најзначајните панамерикански музички феномени на 1970-тите и 1980-тите години“. Модерната салса останува жанр, ориентиран на танцот и е во блиско сродство со стилот на салса танцувањето. (Дознајте повеќе...)

Седмица 21, 17.05.2010. - 23.05.2010

Тутун е род на кратколисни растенија од фамилијата Зрнци по потекло од Северна и Јужна Америка, или сушените остри листови на овие растенија. Тутуновите листови често се пушат (видете пушење тутун) во облик на пури. цигари, во луле или наргиле. Ова е потенцијално штетно за белите дробови и може да предизвика рак и заболувања на истите, како да речеме астма. Тутунот може и да зе џвака, „макнува“ (става помеѓу образот и непцето) и вшмркува во нос како фино мелен бурмут. Највеќето уживатели на тутунот во било кој облик навлекуваат навика да го користат секој ден.

Тутунот содржи никотин, силен невротоксин кој е особено опасен за инсектите. Секој начин на земање на тутун резултира со апсорпција на никотин во разни количества во крвотокот на уживателот, и со време, развиток на толеранција и зависност. Количеството на апсорпција, неговата честота и брзина се тесноповрзани со мерата на зависност и толеранција (доколку ги има) која може да се создаде. Смртоносна доза на никотин има во половина пура или три цигари; меѓутоа, само мал дел од никотинот во овие производи оди во чадот и речиси сите случаи на никотинско труење се резултат ана концентрирани облици на состојката која се користи кај инсектицидите. Други активни алкалоиди во тутунот се хармалините.

Прилично зголемениот ризик за развој на рак се должи на плетора од нитрозамини и други канцерогени состојки кои се наоѓаат во тутунот и неговите остатоци заради анаеробно загревање, заради пушењето или начинот на сушењето на тутунот на оган. Некои методи на сушење на тутунот го зголемуваат ризикот на орален рак. (Дознајте повеќе...)


Седмица 20, 10.05.2010. - 16.05.2010

Паленке (мајански: Bàak) — еден од најмоќните мајански градови и религиозни центри кој својот подем го забележал во VII век. Денес Паленке е значајно археолошко наоѓалиште во Мексико и еден од важните извори за проучување на претколумбовската мајанска цивилизација. По својот пад, градот бил проголтан од џунглата, но својот сјај повторно бил достапен за светската јавност по неговото откривање и реставрирање. Локалитетот се наоѓа во близина на реката Усумакинта во мексиканската сојузна држава Чијапас, околу 130 километри јужно од градот Кармен, на надморска височина од 150 метри.

Паленке бил град со средна големина, многу помал од останатите големи мајански градови Тикал или Копан. Сепак, и покрај големината, Паленке е дом на една од најдобрата мајанска архитектура вклучивајќи и скулптури, камени резби и украсни архитектонски елементи. Голем дел од историјата на Паленке била реконструирана со помош на хиероглифите кои се наоѓаат испишани на спомениците и градбите и денес историчарите имаат подетални информации за династиите кои владееле со градот во VII век, како и информации за соперниците на градот како што се Калакмул и Тонина. Најпознат владетел со Паленке бил Пакал Велики, чиј гроб бил пронајден и ископан во храмот со натписите. (Дознајте повеќе...)


Седмица 19, 03.05.2010. - 09.05.2010

Турската кујна има долга историја и во голема мера претставува наследство од отоманската кујна, која што може да биде опишана како соединување и прочистување на централно-азиските, блискоисточните, средоземните и балканските кујни.Турската кујна имала влијание на овие кујни, но и на другите соседни, вклучувајќи ги и оние од западна Европа. Турците негувале различни и создале специјалтети, кои денес се познати во различни делови од светот.

Турската кујна не е едноставна. Освен главните специјалитет, кои може да се најдат низ цела Турција, постојат и бројни регионални специјалитети. Кујната на регионот покрај Црното Море се одликува со готвење со употреба на пченка и сардели. Во југоисточниот дел од земјата, вклучувајќи ги градовите Урфа, Газиантеп и Адана, карактеристични специјалитети се ќебапите, мезињата и десерти зготвени со тесто, како што се баклавата, кадаифот и кунефето. Во западните делови на Турција, каде што обилно растат маслинови дрвја, маслиновото масло е главен вид на масло, кој се употребува при готвењето. Кујните пак на егејските, мраморните и средоземните подрачја покажуваат основни одлики на средоземната кујна, поради тоа што специјалитетите од овие региони се богати со зеленчук и риба. Во средишниот дел на земјата, особено во Анадолија, познати се специјалитети подготвени од тестенини, како што се кешкеќот, мантите и ѓомлезето. (Дознајте повеќе...)


Седмица 18, 26.04.2010. - 02.05.2010

Водата е супстанца, која е составена од водород и кислород и е важна за сите познати форми на живот.

Во најчеста употрерба, водата се однесува само на нејзината течна состојба, но материјата има и цврста агрегатна состојба (мраз) и гасна состојба (водни испарувања или пареа). Водата покрива 71% од површината на Земјата. На Земјата, најчесто се наоѓа во океаните и другите големи водни тела, со 1,6% вода под површината во водоносни слоеви и 0,001% во воздухот како пареа, облаци (оформени од цврсти и течни водни честици кои лебдат во воздухот) и кондензација. Океаните содржат 97% од површинската вода, ледниците и поларните ледени капи 2,4% и другите површински води како реки, езера и езерца 0,6%.

Водата на Земјата постојано се движи во циклус на испарување или транспирација (евапотранспирација), кондензација и истечни води кои најчесто стигнуваат до морињата.

Пристапот до безбедна вода за пиење во последнава декада сигурно и значително се подобрува скоро во секој дел на светот. Постои јасна врска меѓу пристапот до безбедна вода за пиење и БДП по глава на жител. Но, некои набљудувачи предвидуваат дека до 2025 повеќе од половина од светското население ќе се соочи со ранливост поврзнана со вода. Во извештај од ноември 2009 се предвидува дека до 2030, во некои региони на светот кои се во развој, побарувачката за вода ќе ги надмине резервите за 50%. Приближно 70% од свежата вода се користи во земјоделството. (Дознајте повеќе...)


Седмица 17, 19.04.2010. - 25.04.2010

Албанците во Македонија се најголемата малцинска заедница во Македонија. Вкупниот број на Албанците во Македонија е 209.083 жители, што претставува околу 18% од населението. Албанското малцинство живее претежно во северозападниот дел на Македонија.

Албанци во Македонија почнале да се доселуваат поинтензивно дури после средината на 18 век. Според отоманскиот попис на населението од 1430 - 1431, во Македонија немало воопшто Албанци. Веќе од средината на 15 век, со исламизацијата на Албанците, тие во мал број почнале да доаѓаат во Македонија како турски војници и наеминци, но во многу мал број.

Денес, тие слободно го развиваат и афирмираат својот национален идентитет како што се јазикот и културните традиции. Албанскиот јазик е присутен на сите нивоа во просветниот процес, од основно, средно до високо образование. Во Скопје и Тетово постои и албански театар. Албанците имаат и свој национален празник (28 ноември - Ден на албанското знаме). Тие се присутни и активно учествуваат во политичкиот живот на Македонија. (Дознајте повеќе...)


Седмица 16, 12.04.2010. - 18.04.2010
Боре Ангеловски.
Боре Ангеловски.

Боре Ангеловски (1944-2009) бил истакнат и најдоследен театарски деец во Македонија, актер, режисер, преведувач, сценограф, костимограф, театарски педагог, театарски теоретичар, бекетолог, основач и уметнички раководител на Младинско Драмско Студио - Велес, основач и уметнички раководител на Театар Чекори - Скопје, икона на драмскиот аматеризам и театарската алтернатива во Република Македонија и поранешна Југославија, првенец во сите домени и аспекти на театарската уметност, комплетна театарска личност, театарски фанатик. Како етичко-естетска поставеност, Боре Ангеловски е доајен и пионер на театарот на апсурдот во Република Македонија, поборник и следбеник на неконвенционалниот пристап кон создавањето на комплетен театарски чин, вечен експериментатор, иноватор и револуционер на комплексниот театарски израз. Боре Ангеловски започнува да работи во Народниот Театар во Велес во 1959 год. токму во периодот кога велешкиот професионален театар ја живее кулуминацијата на својот естетско-творечки квалитет - во поглед на глумечката игра и капацитет - во поглед на веќе изграден, стабилен театарски колектив. (Дознајте повеќе...)


Седмица 15, 05.04.2010. - 11.04.2010
Вестминстерската палата наутро
Вестминстерската палата наутро

Вестминстерската палата е дворец кој се наоѓа во Лондон, Англија. Во нејзиниот комплекс се наоѓаат градбите на Парламентот на Обединетото Кралство, Домот на Лордовите (Горен дом) и Општинскиот дом (Долен дом). Дворецот се наоѓа на левиот брег на реката Темза, во регионот на Вестминстер, близу до државните згради на Вајтхол.

Палатата се состои од околу 1.100 простории, 100 скалишта и ходници, долги 4,8 km. Првите делови од градбата биле Вестминстерската сала, која била изградена околу 1097 година и Кулата на Скапоценостите, која била изградена околу 1365 година. Вестминстерската сала, денес се користи за повеќе државни церемонијални настани како што се изложувањата на посмртни останки.

Надзорот на Вестминстерската палата и нејзината околина со векови биле задача на управникот на кралскиот имот, кој бил назначен директно од кралското семејство. Во согласност со кралската власт, во 1965 година, надзорот го презеле двата дома. Сепак, одредени простории за церемонии продолжиле да бидат под контрола на управникот на кралскиот имот.

По пожарот во 1834 година, сегашниот дом на парламентот се градел повеќе од 30 години. Обновената градба била дело на архитектот Сер Чарлс Бери и неговиот помошник Огастес Велби Пјуџин. Планот ги вклучувал и Вестминстерската сала и остатоците од капелата Св. Стефан. Дознајте повеќе...

Седмица 14, 29.03.2010. - 04.04.2010

Магнус Карлсен (роден во 1990) е норвешки шаховски велемајстор, кој моментно е најдобриот шахист во светот, со рејтинг од 2813 поени.

На 26 април 2004, Карлсен стана велемајстор на 13 години и 148 дена, со што стана третиот најмлад шахист кој го постигнал тоа. Неговиот оценет рејтинг на шаховскиот турнир во Нанѓинг во септември и октомври 2009, кој изнесува 3002 поени е еден од најголемите во историјата, а неговата победа на турнирот беше окарактеризирана како една од најубедливите. Со ова достигнување, на ранг листата според ФИДЕ за месец ноември, тој стана петтиот шахист, а воедно и најмладиот кој ја надмина границата од 2800 поени, заземајќи го второто место на листата со 2801 поен. Истата година, тој стана најмладиот светски првак во брзопотезен шах. На 1 јануари 2010, на новообјавената ранг листа според ФИДЕ, на возраст од 19 години и 32 дена, Магнус стана најмладиот шахист, кој бил светски број еден според ФИДЕ, со рејтинг од 2810 поени.

На почетокот од 2009, Карлсен го ангажирал поранешниот светски првак Гари Каспаров како личен инструктор. Во сптември 2009, нивната соработка беше потврдена во норвешкиот печат, но во март 2010 беше соопштено дека е прекината.

Карлсен живее со своето семејство во Ломедален, а покрај шахот, тој активно игра и фудбал за локалниот фудбалски клуб. Дознајте повеќе...


Седмица 13, 22.03.2010. - 28.03.2010
Географска распространетост на шкотскиот јазик во Шкотска.
Географска распространетост на шкотскиот јазик во Шкотска.

Шкотски јазик (Gàidhlig [ˈkaːlikʲ] ( слушнете)) — јазик од групата на гојделски јазици во состав на келтското јазично семејство, што го прави различен од британските јазици каде се наоѓаат велшкиот, корнскиот и бретонскиот. Шкотскиот, манскиот и гелскиот се сите потомци на средноирскиот јазик, кој пак потекнува од староирскиот јазик и примитивниот ирски јазик. Во англискиот јазик овој јазик е именуван како шкотски гелски, за да се разликува од нецелосно признатиот германски шкотски јазик кој потекнува од староанглискиот.

Шкотскиот јазик се развил во посебен јазик во XII век заедно со останатите гојделски јазици. Овој јазик станал доминантен јазик и ги заменил претходните јазици како камбрискиот, пиктскиот и во одредени делови, староанглискиот.

Денес не постојат историски записи кои би потврдиле точно колку долго се зборувал шкотскиот јазик во Шкотска, но се тврди дека се зборувал во старата јазична форма уште пред подемот на Римското Царство. Не се постигнала согласност по ова прашање во научната јавност, но се поврзуваат фактите за постоењето на кралството Далријада во IV век и со негово проширување кон Алстер и западна Шкотска и со тоа се проширил јазикот. Понатаму, јазикот опстоил преку Господарот на Островите, географски и културен насленик на кралството Далријада кој контролирал делови од Алстер сè до 1500 г. Дознајте повеќе...


Седмица 12, 15.03.2010. - 21.03.2010
Керамички предмети.
Керамички предмети.

Насканската култура била развиена култура на тлото на Јужна Америка, поточно на територијата на денешно Перу. Таа напредувала од 1 век до 8 век покрај сушниот јужен брег на Перу во речната долина од пресушената Рио Гранде де Наска и во долината Ика. Поради влијанието од претходната Паракаска култура која била позната по сложените ткаенини, во насканската култура била создадена палета прекрасни уметнички дела и техники како керамика, текстил и геоглифи (најчесто познати како наскански линии). Тие исто така изградиле и величествен систем на подводни аквадукти, познати како пукиоси, кои и денес се функционални.

Општеството на раната насканска култура била составена од локални поглаварства и регионални центри на моќ кои биле центрирани околу Кахуачи, што претставувало неурбано церемонијално место на ридчиња и брегови. Теориите кои потекнуваат од различни ископувања на Кахуачи се претпоставува дека местото било дом на ритуали и гозби кои биле поврзани со земјоделството, водата и плодноста.

Поради екстремната природа на околната животна средина не постои сомневање дека поголем дел од религиозните верувања на Наска се однесувале на плодноста и земјоделството. На голем дел од уметноста од Наска се прикажуваат моќни природни богови како: мистичниот кит убиец, жетварите и мистичната дамчеста мачка, змиулестото суштество и најзастпената од сите обожувани фигури, антропоморфичното мистично суштество. Наските се најпознати по насканските линии, кои се геоглифи со прикази на различни геомтериски и стилски фигури. (Дознајте повеќе...)


Седмица 11, 08.02.2010. - 14.02.2010
Помлад јагуар
Помлад јагуар

Јагуар (науч. Panthera onca) — голема мачка од родот пантери. Ова е единственото животно од родот пантери кое живее во Америка. Јагуарот е трета најголема мачка, зад тигарот и лавот, и најголема и најмоќна мачка во западната полутопка. Денешната распространетост на јагуарот се протега од Мексико преку поголемиот дел на Средна Америка, до Парагвај и северна Аргентина. Освен една позната популација во Аризона (југозападно од Тускон), оваа голема мачка изумрела во САД за време на раните 1900-ти. Сепак постои голема можност ненабљудувани популации на јагуар да живеат во јужна Аризона, Ново Мексико па дури и Тексас.

Јагуарот може да се види во Зоолошката градина во Скопје.

Оваа дамчеста мачка физички доста е слична со леопардот, иако најчесто е поголема. По однесувањето и живеалиштето многу е поблиска до тигарот. Омилено живеалиште на јагуарот се густите дождовни шуми, но го среќаваме и во многу други шумски и отворени животни средини. Секогаш живее во близина на вода, и како тигарот, е една од ретките мачки кои уживаат во пливањето. Јагуарот е самотно животно, грабливец кој напаѓа од заседа и опортунист во поглед на избирање на пленот. Овие животни се и познати суперграбливци кои играат голема улога во стабилизирање на екосистемите и регулирање на бројноста на популациите на нивниот плен. Јагуарот има развиено исклучително моќен загриз, дури и во споредба со останатите мачки. Ова му овозможува да го крши оклопот на некои рептили и да употребува специфичен метод на убивање – тој директно го загризува черепот на пленот со што нанесува фатален удар на мозокот.

Јагуарот е речиси загрозен вид чија бројност полека опаѓа. Главна закана претставува уништувањето на природното живеалиште, како и раздвојување на популациите. Иако меѓународната трговија со јагуари или нивни делови е забранета, оваа голема мачка сè уште е убивана од луѓето, најчесто од страна на ранчери и фармери од Јужна Америка. Територијата на распространетост иако е намалена сепак останува доста голема. Јагуарот е значаен дел од митологијата на бројни староседелски американски култури, вклучувајќи ги и оние на Маите и Ацтеките. Дознајте повеќе...


Седмица 10, 01.03.2010. - 07.03.2010

Историјата на Русија започнува со онаа на Источните Словени. Првата источнословенска држава, Киевска Русија, го примила христијанството од Византија во 988 година, со што започнало создавањето на руската култура во следниот милениум. Киевска Русија како држава се распаднала по монголската инвазија во 1240 година. Во текот на овој период, голем број на регионални градови, како Новгород и Псков, се бореле да го наследат културното и политичкото наследство на Киевска Русија.

По 13 век, постепено Москва станала доминантен центар во поглед на културата и моќта. Во 18 век, на територијата на поранешното Големо московско војводство се создала големата Руска Империја, која се протегала од Полска на запад до Тихиот Океан на исток. Кметството било укинато во 1861 година. Во периодот меѓу укинувањето на кметството и почетокот на Првата светска војна во 1914 година, биле спроведени т.н. Столипинови реформи.

Руската револуција од 1917 година била поттикната од тешките економски услови во земјата, преку автократскиот систем на владеење, кое донело до победа на социјалистичката и либералната партија. Од 1922 до 1991 година, историјата на Русија се темели на историјата на Советскиот Сојуз. Меѓутоа, кон крајот на 1980-тите години, слабата економска политика која била спроведувана во Советскиот Сојуз, довела до распаѓање на државата.

По распаѓањето на Советскиот Сојуз, на крајот од 1991 година, Русија повторно стана самостојна држава, каква што е и денес. Со стекнувањето на независноста, Русија била призната како правен наследник на Советскиот Сојуз. Дознајте повеќе...


Седмица 09, 22.02.2010. - 28.02.2010

Бурџ Калифа е облакодер во Дубаи, Обединети Арапски Емирати и е највисоката градба изградена од човекот досега. Изградбата на објектот започна на 21 септември 2004, а официјално заврши на 4 јануари 2010.

Градбата е дел од проектот „Центарот на Бурџ Дубаи“, кој се гради на површина од 2 km2, веднаш до економскиот центар во градот, а содржи и фонтана и уште неколку впечатливи градби. Архитект на кулата е Адријан Смит, кој соработува со компанијата Skidmore, Owings and Merrill од 2006. Оваа инженерска компанија, со седиште во Чикаго беше вклучена во спроведувањето на проектот. За изградба на кулата како главен градител била ангажирана јужнокорејската компанија Samsung C&T, која била ангажирана и во изградбите на кулата Тајпеј 101 и кулите Петронас, а компанијата Hyder Consulting за структурното и машинско инженерство. Според законите на ОАЕ, склучувачот на договорот и инженерот се заеднички одговорни и имаат обврска за изведбата на активностите во врска со изградбата на Бурџ Калифа. Поради тоа, и покрај конструкцијата од страна на компанијата Skidmore, Owings and Merrill, компанијата Hyder Consulting, правно е конструктор на градбата.

Владетелот на емиратот Дубаи, заменик претседател и премиер на Обединетите Арапски Емирати, Мухамед бен Рашед ал Мактум на отворањето на 828 метри високиот облакодер, во светот познат како „Бурџ Дубаи“, изјави дека во чест на претседателот на ОАЕ, шеикот Калифа бин Заид ал Нахјан, кулата ќе биде преименувана и во нејзиното име ќе биде вметнато неговото име. Во таа прилика, тој рече:

„Отсега и засекогаш, оваа кула ќе го носи името „Калифа“ — „Бурџ Калифа“.“

Дознајте повеќе...
Седмица 08, 15.02.2010. - 21.02.2010

Уметничко лизгање е зимски спорт во којшто поединечно, во двојка или групно со лизгање на мраз и со помош на други елементи, најчесто музичка композиција, се изведуваат различни чекори, вртења и скокови. На официјалните натправрувања, натпреварувачите во овој спорт се натпреваруваат во 4 дисциплини: поединечно во женска конкуренција, поединечно во машка конкуренција, танцови двојки и спортски двојки. Натпреварувачите, исто така се натпреваруваат и на различни натпреварувања, почнувајќи од почетниците, кои се натпреваруваат на локални натпревари и завршувајќи до најдобрите, кои се натпреваруваат на најсилните меѓународни натпреварувања. Уметничкото лизгање е олимписки спорт со натпреварувања на сите Зимски олимписки игри. Во некои јазици, името на овој спорт е „уметничко лизгање“.

Во светски рамки, официјална организација во спортот е Меѓународната лизгачка организација (ISU), основана во 1892 со седиште во Лозана. Голем број на меѓународни натпреварувања се санкционирани од страна на ISU, како што се натпреварувањата на Зимските олимписки игри, светските првенства, европските првенства, првенството на четири континенти и гран-при натправрите.

Денес, уметничкото лизгање е поврзано со останатите комерцијални настани. На големите напреварувања, обично последниот ден има егзибициски карактер, во кој најдобрите натпреварувачи ги покажуваат своите разлилчни вештини и способности, надвор од очите на судиите. Голем број на лизгачи учествуваат и се дел од многу останати емисии, поврзани со спортот, но и надвор од него. Дознајте повеќе...


Седмица 07, 08.02.2010. - 14.02.2010

Хипнозата е ментална состојба (теорија на свесна состојба) или видови на однесувања (теорија на несвесна состојба) најчесто поттикната со постапка позната како хипнотичка индукција, која обично се состои од серија на претходни инструкции и сугестии. Хипнотичките сугестии може да ги зададе хипнотизер во присуство на субјектот („хетеро-сугестија“), или може да бидат самоуправувани („само-сугестија“ или „автосугестија“). Примената на хипнотизам за терапевтски цели се нарекува „хипнотерапија“.

Зборовите „хипноза“ и „хипнотизам“ потекнуваат од поимот „невро-хипнотизам“ (нервно спиење) кој го создал шкотскиот лекар и хирург Џејмс Брајд околу 1841 година, за да направи разлика меѓу својата теорија и практика и оние кои ги развил Франц Антон Месмер и неговите следбеници („месмеризам“ или „животински магнетизам“).

Иако има популарно недоразбирање дека хипнозата е форма на несвест која што наликува на спиење, современите истражувања покажуваат дека таа е всушност будна состојба со фокусирано внимание и зголемена сугестивност, а со намалена свесност за околината. Во првата книга за субјектот, Неврипнологија од 1843 година, Брајд го опишува „хипнотизмот“ како состојба на физичко олабавување („нервно спиење“), придружено со и поттикнато од ментална концентрација („отсутност“). Дознајте повеќе...

Седмица 06, 01.02.2010. - 07.02.2010

Полско-литванската Државна Заедница претставувала федерација меѓу Кралството Полска и Големото Кнежевство Литванија, кое постоело во периодот од 1569 до 1795 година. Земјата во текот на своето постоење била една од најголемите во Европа.

Сојузот имал некои специфични одлики. Така, политичкиот систем (познат и како „Златна слобода“) се одликувал со строга контрола врз власта на монархот. Оваа контрола била спроведувана од страна на законодавното тело „сејм“, коешто било под контрола на аристократијата („шлахта“). Ваквиот политички систем претставувал предвесник на современите концепции на демократијата, уставната монархија и федерацијата. Двете земји, кои го сочинувале сојузот биле формално еднакви, но сепак Полска била доминантен партнер во сојузот.

Полско-литванската Државна Заедница се одликувала со висок степен на етнички диверзитет и невообичаена верска трпеливост, којашто сепак, со тек на време се менувала.

По неколку декади на моќ, за време на Златниот век на заедницата, државата се соочила со период на политичко, воено и економско опаѓање. Слабостите кои брзо се појавувале довеле до нејзините поделби, меѓу соседите: Австрија, Прусија и Русија, на крајот од 18. век. Кратко пред пропаѓањето, биле направени обиди за големи реформи и притоа бил воведен уставот од 3 мај 1791, кој бил вториот најстар национален устав во современата историја. Дознајте повеќе...

Седмица 05, 25.01.2010. - 31.01.2010

Марат Сафин (роден во 1980) е поранешен руски тенисер. Сафин, во својата кариер освои 15 АТП турнири и 2 Гренд Слем турнири, а исто така во еден момент беше и светски рекет број 1. Тој е постар брат на моментно вторпласираната тенисерка во светот Динара Сафина. Тие се досега единствените брат и сестра, кои успеале да го достигнат првото место на АТП, односно ВТА листата.

Сафин ја започна професионалната кариера во 1997. Во ноември 2000, тој го зазеде првото место на АТП ранг листата, на коешто се задржа 9 седмици. Првата Гренд Слем титула ја освои на отвореното првенство на САД во 2000 по победата над Пит Сампрас во финалето, а втората титула ја освои на отвореното првенство на Австралија, победувајќи го Лејтон Хјуит во финалето. Сафин, исто така има освоени и две титули како дел од репрезентацијата на Русија во Дејвис купот, прваат во 2002 и втората во 2006. И покрај неговата омраза кон тревнатите терени, во 2008, тој стана првиот руски тенисер кој успеал да се пласира во полуфиналето на Вимблдон. За време на учеството на последниот турнир во кариерата, на отвореното првенство на САД во 2009 Сафин беше 61. на официјалната АТП ранг листа.

Марат Сафин планираше да ја зазеде позицијата на потпретседател на Олимписки комитет на Русија, но не беше избран на таа позициија. Дознајте повеќе...


Седмица 04, 18.01.2010. - 24.01.2010

Розетен прозорец или само роза (се употребува и Катерински прозорец) е архитектонски поим, кој се објаснува како кружен прозорец, вграден во црквите изградени во готски стил, кој обично е поделен со шпросни или орнамент. Поимот „розетен прозорец“ не се употребувал пред 17. век, а според англискиот речник Оксфорд, потекнува од англискиот збор rose, со значење роза.

Поимот „прозорец-тркало“, исто така се употребува, но најчесто за оние прозорци кои се поделени со едноставни пречки, кои се оковани и ротираат во средината на прозорецот, додека пак „розетниот прозорец“ се однесува на оние прозорци, кои имаат посложена градба и кои по својот изглед наликуваат на роза со многу ливчиња. Кружниот прозорец без орнамент, којшто е карактеристичен за многу цркви во Италија е познат како окуларен прозорец.

Розетните прозорци се делумна одлика на готската архитектура и може да се забележат во сите големи катедрали во северна Франција, изградени во готски стил. Се смета дека потеклотона овие видови на прозорци е постаро, па розетните прозорци може да се најдат во различна форма во средновековните градби. Сепак, улогата во христијанските цркви на розите се намалила, но идејата за изградба на цркви со рози повторно оживеала во 19. век, со развојот на неоготската архитектура. Оттогаш, розите станале популарни и биле вградувани во многу цркви во светот. Дознајте повеќе...


Седмица 03, 11.01.2010. - 17.01.2010

Истанбул (турски: İstanbul) (низ историјата познат и како Византион старогрчки Βυζάντιον, на латински: BYZANTIVM; Константинопол старогрчки: Κωνσταντινούπολις; Цариград; старословенски: Цѣсарьградъ) е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот по број на население, со околу 12.600.000 жители. Истанбул, исто така е мегалополис, како и голем финансиски и културен центар во Турција и светот. Градот се наоѓа во истоимената провинција. Градот е расположен на Босфорот, на границата помеѓу заливот Златен Рог и Мраморно Море, во северозападниот дел на земјата. Истанбул е единствената метропола во светот која се наоѓа на два континента: европски (Тракија) и азиски односно Анадолија.

Во својата долга историја, Истанбул служел како главен град на Римското Царство (330-395), на Источното римско (византиско) царство (395-1204 и 1261-1453), на Латинското (1204-1261), и Османлиското Царство (1453-1922). Градот беше избран за Европска престолнина на културата за 2010 година. Историските области на Истанбул се вклучени во Списокот на светско културно и природно наследство на УНЕСКО во 1985 година. Дознајте повеќе...


Седмица 02, 04.01.2010. - 10.01.2010

Исус (арамејски: ישוע Јешуа; 72 година пред новaта ера до 2636 од новата ера) бил палестински пророк и рабин од Назарет, кој многу Евреи го сметале за голем учител. По неговата смрт станал централна фигура во христијанството и важна фигура во другите религии. Муслиманите го сметаат за пророк, а христијаните за Месија и Син Божји, односно второто лице (ипостас) на Светото Тројство. Исто така се нарекува уште и Бог Слово (логос), кој поради спасувањето на човечкото општество од неговите гревови се „претворил“ и станал човек – Исус Христос.

Голем број од научниците од областа на историјата и теологијата се сложуваат дека Исус бил Евреин од Галилеја, дека го сметале за учител и исцелител, дека бил крстен од страна на Јован Крстител и дека е распнат на крст во Ерусалим по наредба на римскиот управник Понтиј Пилат, под оптужба за клевета против Римското Царство. Главни извори околу животот на Исус се четирите Евангелија од Новиот завет од Матеј, Марко, Лука и Јован. Денес, само неколку современи научници веруваат дека сите древни списоци за животот на Исус се точни или неточни.

Христијаните веруваат дека Исус бил Месија, чие доаѓање е најавено во Стариот завет, кое е едно од основните гледишта околу разликите во погледот на Исус со јудаизмот. Христијаните веруваат дека Исус е Син Божји, кој дошол да го донесе спасот и помирувањето со Бога и кој воскреснал по неговото распнување. Повеќе христијански учења зборуваат дека Исус бил исцелител, правејќи големи чуда. Дознајте повеќе...


Седмица 01, 28.12.2009. - 03.01.2010

Посвојувањето е чин на легално сместување на дете со родител или родители, кои не се негови биолошки родители. Налогот за посвојување има за цел да ги прекине родителските одговорности и права на оригиналните родители и да ги префрли тие одговорности и права на родителите кои посвојуваат.

Начините на посвојување претрпеле значајни промени во последните сто години, при што секое ново движење е означено како реформа. Почнувајќи од 1970-тите напорите да се подобри посвојувањето биле поврзувани со отворање на досиејата и поттикнување на зачувување на семејството. Овие идеи се родиле од претпоставките дека тајноста која е дел од современото посвојување може да влијае врз процесот на создавање идентитет кај детето, може да создаде забуни во однос на потеклото и воопшто не е корисна при одредувањето на медицинската историја.

Ставовите и законите што се однесуваат на посвојувањето многу варираат. И покрај тоа што во сите култури постои начин децата чии родители не се способни сами да ги одгледаат да бидат пораснати од некој друг, не сите култури го имаат концептот на посвојување т.е однесувањето спрема посвоените деца како еднакви на биолошкките деца на посвојувачите. На пример во Египет, и според муслиманскиот закон посвојувањето е нелегално. Дознајте повеќе...


Знак за избрана статија
Архива на избрани статии
Месечина
Свети Јосиф  • Албанија  • Џорџ Орвел
Линебург  • Алехандро Валверде  • Тур де Франс 2019  • Брзина на светлината  • Свети Климент Охридски  • Одржлива енергија  • Договор за неширење на јадрено оружје  • Инвазивен вид  • Отпад од храна  • Последици од глобалното затоплување
Вевчани  • Диего Гарсија  • Тенерифе  • Рендгенска кристалографија  • Бактерии  • Близуземски тела  • Клуж-Напока  • Актин  • Кир Велики  • Обединета Ерменија  • Реброносци  • Казахстан  • Средновековна Романија
Џ. Р. Р. Толкин  • Хебрејски јазик  • Грег ван Авермат  • Логаритам  • Анри Матис  • Прва светска војна  • Вирус  • Писменост  • Самоубиство  • Горна Река  • Археи  • ФК Вердер Бремен  • ABC-транспортер  • Хосе де Сан Мартин
Оноре де Балзак  • Гравитациски бран  • Гомељ  • Македонско девојче 2  • Камерун  • Освојување на Африка  • Сараево  • Историја на Цариград  • Петер Саган  • Планков закон  • Затемнување на Сонцето  • Шредингерова равенка  • Тур де Франс 2015  • Фудбалска репрезентација на Аргентина
ФК Јувентус  • Византиска морнарица  • Збиено ѕвездено јато  • Хелсинки  • Борис Сарафов  • Земјоделство во Македонија  • Топкапи-сарај  • Јадрено цепење  • Крис Фрум  • Фленсбург  • Марио Манџукиќ  • Молња  • Историја на отомански Цариград  • 1 − 2 + 3 − 4 + …
Евгеника  • Ница  • Роберт Левандовски  • Светско првенство во водени спортови 2013  • Иконостас
Безјеова крива  • Комптонов ефект  • Фламански поговорки  • Зимски олимписки игри 2014  • Веројатносна распределба  • Национална библиотека на Франција  • Петар Поп Арсов  • Велес  • Лаоски јазик  • Историја на парите во Македонија  • Симон де Бовоар  • Стандарден британски изговор  • Орбита  • Ана Болејн  • Плима и осека  • Крв  • Бајројт  • Рококо  • Стандарден модел  • Бор (дрво)  • Историја на САД  • Кориолисова сила  • Архитектонски поредок  • Јавански јазик  • Топломер  • Ханза  • Воловар (соѕвездие)  • Шума  • Специјална теорија за релативноста • Мува (соѕвездие) • Пере Тошев • Фабијан Канчелара  • Оптика  • Николај Лобачевски  • Летни олимписки игри  • Еврејски календар  • Даб
Ацтечки јазик • Владимир Комаров • Географија на Македонија • Генетика  • Марк Кевендиш  • Преселба на птиците  • Италијанска култура  • Евровизија  • Арарат  • Обичен сколовранец  • Отворање (шах)  • Храм на небото  • Германски музеј  • Бреза  • Ѕид  • Дрезден
Боцвана • Стивен Хокинг • Born This Way • Хановер • Франциско Франко • Ли Куан Ју • Стара скопска чаршија • Боливија • Германија • Пенсилванија • Христијанство во Македонија • Ал-Каеда • Вилијам Шекспир • Махатир Мохамад • Арамејски јазик • Рак на бели дробови • Хемиска реакција • Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка) • Tik Tok • Telephone • Преведување • Лајпциг • Аугусто Пиноче • Пак Чон Хи • Њујорк (сојузна држава) • Мајкл Фелпс • Математичка економија • Никола Пусен • Megadeth • Ежен Делакроа • Цар Самоил • Прва балканска војна • Природа • Алберто Контадор
Фердинанд I • Историја на христијанството • Старогрчка митологија • Кока-Кола • Pearl Jam • Мадејра • Ренесансна архитектура • Ерик Клептон • Песна над песните • Нинџа • Западно Римско Царство • Шагринска кожа • Лекари без граници • Алабама • Двоичен броен систем • Гај Јулиј Цезар • Аврил Лавињ • Даме Груев • Че Гевара • Знаме на Европската Унија • Роџер Федерер • Јавански носорог • Македонска граматика • If I Were a Boy • Крушевска Република • Депортација на Евреите од Македонија • Берлин • Шеријат • Џејн Остин • Нормани • Hold It Against Me • Марсејски атентат • Киев • Алзас • Пума • Бесланска заложничка криза • Уметност • Хамбург • Црква Света Софија (Истанбул) • Историја на Руската Федерација • Гијом Тирски • Исламска уметност
Посвојување • Исус Христос • Истанбул • Розетен прозорец • Марат Сафин • Полско-литванска Државна Заедница • Хипноза • Уметничко лизгање • Бурџ Калифа • Историја на Русија • Јагуар • Насканска култура • Шкотски јазик • Магнус Карлсен • Вестминстерска палата • Боре Ангеловски • Македонски Албанци • Вода • Турска кујна • Паленке • Тутун • Салса (музика) • Братислава • Григор Прличев • Урбанизам • Будимпешта • Чакра • Отоманска Империја • Сан Марино • Суматрански носорог • Марија Магдалена • Базилика Свети Петар • Ацтеки • Инки • Кошарка • СИДА • Виена • Шаховска олимпијада • Земја (планета) • Лешочки манастир • Камбоџа • Леонард Ојлер • Странски пропаганди во Македонија • Летонски јазик • Семејно насилство • Флуорирање на водата • Московски Кремљ • Хосе Раул Капабланка • Фердинанд I
Бела мечка • Англиски јазик • Тетово • Бетелгез • Швајцарска гарда • Михаил Таљ • Крокодиловидни • Џингис Хан • е (број) • Ѕвезден развој • Пиратство • Гитара • Татарстан • Петар Велики • Френсис Дрејк • Светиот Гроб • Шаховска олимпијада 1972 • Карл Саган • Париз • Леопард • Хари Потер и Каменот на мудроста • Оскар Нимаер • Јосип Броз - Тито • Падот на Цариград (1453) • Оскар Вајлд • Големите географски откритија • Курт Кобејн • Тигар • Гладијатор • Мајанска цивилизација • Пи • Иштван I • Владетелот • Галија (брод) • Ѕвезда • Фредерик Шопен • Понуда и побарувачка • Човечки папиломен вирус • Носорог • Шпанска партија • НАТО • Египетска митологија • Географија на Индија • Боја • Торинско платно • Анастасија Николаевна Романова • Бутан • Воен конфликт во Македонија, 2001 • Бременост • Rated R • Посвојување
Тоше Проески • Нобелова награда за литература • Џозеф Кемпбел • Кинески јазик • Солун • Елизабета I • Канада • Гоце Делчев • Киро Глигоров • Арсенал ФК • Наполеон Бонапарт • Манчестер Јунајтед • Црвен Крст и Црвена Полумесечина • Јустинијан I • Евтини приказни • Битола • Европско првенство во фудбал 2008 • НЛО • Чај • Монголски јазик • Еже во маглата • ЛОИ 2008 • Александар Македонски • Крстоносни војни • Макс Еве • Ден на независноста на Република Македонија • Турција • Кралски грб на Обединетото Кралство • Сицилијанска одбрана • Тенцин Ѓацо • Монголија • Крсте Петков Мисирков • Џамија • Тенк • Фенг шуи • Нилски коњ • Жак де Молеј • Македонски јазик • Ерусалим
Понтифекс Максимус • Едгар Алан По • Шаховска стратегија и тактика • Автентична музичка изведба • Кружница • Одри Хепберн • Диференцијално сметање • Бен Џонсон • Шерлок Холмс • Интегрално сметање • Методија Андонов - Ченто • Илинденско востание • Вилијам Блејк • Вектор • Непрекинатост на функција • Џалалудин Руми • Станислав Лем • Леонард Норман Коен • НОФ • Македонци • Жан-Никола Артур Рембо  • Националсоцијалистичка германска работничка партија • Ирвин Ален Гинсберг • Марија Јурјевна Шарапова • Вилијам Хогарт • ВМРО • Спор за името помеѓу Македонија и Грција • Јане Сандански
Кочо Рацин • Светско првенство во фудбал 2006 • Сан Франциско, Калифорнија
Евтини приказни
🔥 Top keywords: Главна страницаМакедонски претседателски избори (2024)Македонски парламентарни избори (2024)Специјална:БарајГордана Силјановска-ДавковаМакедонски парламентарни избори (2020)Карлес ПуџдемонСписок на македонски народни поговоркиОче нашСтево ПендаровскиСредоземно МореМакедонијаБилјана ВанковскаМочуриштеГоце ДелчевСпецијална:СкорешниПромениМасакр во СребреницаСкопјеМарија АнтоанетаЛокални избори во Македонија (2021)Министерство за животна средина и просторно планирањеСвети Кирил и МетодијЈане СанданскиКиро ГлигоровСвети Климент ОхридскиСкиентологијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора светска војнаБедија БеговскаДржавни празници во МакедонијаХемофилијаМакедонски претседателски избори (2019)Хороскопски знациГригор ПрличевПретседател на МакедонијаКонстантин МиладиновИзбори во МакедонијаМакедонска крвава свадбаНационален парк Галичица